MKhost

Веб Девелопер

Оглас за работа во МКхост (Web Developer)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата веб девелопер. Kандидатите за отворената позициja ќе работат на веќе постоечки проекти, како и во развојот на нови проекти за домашниот и меѓународниот пазар.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Развој на веб сајтови

Веб дизајн

Софтверски решенија

Одржување на веб сајтови на клиентите на МКхост како и можност за работа на интерни проекти и системи за потребата на фирмата

Кои моментални познавања би те издвоиле?

Front-End технологии: HTML / CSS / JavaScript / jQuery / Bootstrap 3, 4

Секој JavaScript framework (Angular, React и останати) се смета за предност

SQL бази на податоци (MySQL)

WordPress (CMS)

Искуство со CMS платформи

PHP програмски јазик (искуство со некои frameworks на PHP како Symfony, Laravel...)

Добро познавање на Git

Добро познавање на ООП како и SOLID принципи

За оваа позиција одговараат кандидати со предходно работно искуство од минимум 1 година

Одлични вештини за комуникација и документирање

Способност да се обрне внимание на детали

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Web Developer“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 20.12.2019. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.