FrontEnd Developer

Оглас за работа во МКхост (FrontEnd Developer)

МКхост објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата FrontEnd девелопер. Kандидатите за отворената позициja ќе работат на веќе постоечки проекти, како и во развојот на нови проекти за домашниот и меѓународниот пазар.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Дизајн и развој на динамички веб апликации со React.js

Разрешување на проблеми-багови, како и проблеми со компатибилност

Контрибуција во сите фази од development lifecycle

Мониторирање и подобрување на front-end performance

Документирање на промени на апликација

Кои моментални познавања би те издвоиле?

Одлично познавање и минимум 2 години искуство со React.js, JavaScript, CSS, HTML

Одлично познавање и искуство со веб сервиси

Искуство со Redux, RESTful APIs, version control (GIT), и JIRA.

Искуство со User interface дизајн

Претходно искуство со изработка на custom Wordpress сајтови

Високо познавање и работа со OOP и SOLID principles

Високо познавање и разбирање на различни софтверски архитектури

Претходно искуство со работење во агилна девелопмент средина

Одлични способности за комуникација и документирање

Способност за себе-менаџирање и почитување на рокови

Следниве познавања ќе се сметаат за дополнителна предност:

Искуство UI/UX

Искуство со различни видови на data storages (Redis, Neo4j, и сл.)

Знаење и/или искуство со различни системи за автентикација и авторизација (oAuth2, JWT, и сл.)

Искуство со CI/CD, DevOps и Cloud (AWS / GCP / DigitalOcean)

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување.

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00, работата се одвива од дома.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „ Front Web Developer“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 15.12.2022. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.