MKhost
Knowledgebase

Need help? Search or browse our large collection of articles on a variety of topics including hosting, domains, emails and more.

0Портал

Репотпишување на барање за регистрација на домен при одбиен потпис или потреба од избор на нов метод на потпишување

Доколку си направил нарачка за регистрација на домен и си испратил барање за регистрација, барањето рачно се проверува и авторизира од страна на домен администраторите во МКхост. Барањето може да е невалидно и да е одбиено од страна на администраторите, а водејќи се според правилникот за регистрација и управување со македонските домени на МАРнет.
Најчеста причина за одбивање на барањата за регистрација е- Невалиден потпис на барањето од страна на правен субјект или физичко лице .

Причина: Барањето не е потпишано со валиден дигитален потпис од страна на управителот или сопственикот на правниот субјект или физичкото лице.

Согласно правилникот за регистрација и управување со .mk домени:

  • За правен субјект, барањето мора да биде потпишано дигитално од управителот или овластено лице со валиден дигитален потпис издаден од Евротраст, КИБС или Телеком, или да биде доставено по карго или лично, мануелно потпишано од  управителот или овластено лице и печат од компанијата.
  • За физички лица, потписот може да биде дигитален (преку Евротраст) или да се достави физички потпишано барање, при што задолжително треба да се приложи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош) и доставата да биде лично од страна на регистрантот.

Доколку барањето е одбиено можеш да направиш репотпишување на барањето или пак да го смениш методот за достава на даденото барање. 

Чекори за повторно потпишување:

  1. Најави се на portal.mkhost.com.mk.
  2. Од мени-то избери „Домени“ → „Документи за потпишување“.
  3. Пронајди го барањето за соодветниот домен

     4.Кликни на „Потпиши повторно“ и избери еден од достапните методи:

  • Електронски потпис преку Евротраст – препорачан за најбрза обработка.
  • Дигитален потпис преку КИБС или Телеком.
  • Физичка достава на потпишан документ.


Напомена:
Додека не се ревидираат податоците и не се потпише барањето со валиден потпис, доменот нема да биде регистриран. Процесот на регистрација ќе остане во статус на чекање.

Cookie Icon

The MKhost website uses cookies.

Cookies help us personalize the user experience to your needs.