Агент за продажба

Оглас за работа во МКхост (Агент за продажба и поддршка)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост, објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата агент за поддршка и продажба.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Закажување состаноци и преговарање со активни и потенцијални клиенти околу закуп на услуги на МКхост преку директен состанок (виртуелно или физички), телефон, емаил, тикети и chat комуникација. Водење на целиот процес од почеток до крај.

Активно истражување и зголемување на своето знаење околу IT индустријата (хостинг - основен, дедицирани и cloud сервери, веб решенија, cloud архитектури и имплементации, консултации и целосни решенија)

Градење на силни, долгорочни врски со клиентите преку разбирање на нивните потреби, добра комуникација, како и составување на соодветни понуди за нив.

Дефинирање на цени преку мониторирање на трошоци, побарувачка и заинтересираност на клиентите.

Соработка со маркетинг тимот за креирање на месечни, квартални и годишни планови за продажба.

Дизајнирање и имплементација на стратегиски бизнис планови кои би довеле до зголемување на бројот на клиенти и продажбата.

Организирање на follow-up состаноци со активни клиенти

Подобрување на корисничкото искуство на клиентите на МКхост, со нудење на дополнителни вредности за нив.

Потребни квалификации и вештини

Претходно успешно искуство како sales representative (2+ години)

Добри способности за говорна комуникација

Добри способности за пишувана комуникација

Претходно искуство со водење на sales процес - од план до завршување на истиот.

Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност.

Познавање на компјутерски вештини.

Познавање на англиски јазик.

Кои моментални познавања би те издвоиле?

Одредено познавање на индустријата за домени, веб хостинг, продажба на софтвер

Претходно искуство со спремање на тендерска документација и аплицирање на тендерски постапки

Претходно исксуство со директни B2B состаноци со големи корпорации и клиенти

Претходно искуство како team lead

Аналитичност во работата

Проактивност и самоиницијативност

Тимска работа

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00 и од 14:00-22:00.

Во моментов поради Корона криза работата се одвива од дома.

Канцелариите се наоѓаат во Capitol Mall & Residence

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Агент за продажба и поддршка“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 01.06.2021. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.