MKhost

Графички дизајнер

Оглас за работа во МКхост (Графички дизајнер)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата графички дизајнер. Kандидатите за отворената позициja ќе работат на веќе постоечки проекти, како и во развојот на нови дизајн решенија на нови проекти за домашниот и меѓународниот пазар.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Создавање на дизајнерски концепти и решенија

Дизајн на лого, брендирање, изработка на маркетинг материјали

Користење на дизајнерски алатки

Обработка на фотографии

Кои моментални познавања би те издвоиле?

Досегашно твое портфолио во областа на графички дизајн

Вештини за концепција, запазување на детали, интеракција и визуелен дизајн

Солидно познавање на пакетот на Adobe (Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign)

Дополнително познавање на Corel, Invision се смета за предност

Секоја дополнителна алатка би се сметала за предност

За оваа позиција одговараат кандидати со предходно работно искуство од минимум 1 година

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Графички дизајнер“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 20.12.2019. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.