Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил, ticketing system и online chat).
Решавање на различни предизвици поврзани со серверите и услугите на корисниците на МКхост.
Менаџирање и справување со серверски инциденти и проблеми.
Брза и ефикасна комуникација со корисниците и со колегите.
Искуство со работа на Linux оперативни ситеми и познавање на работа во терминал.
Познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн.
Работа со Domain Name System-и (DNS).
Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal).
Одредено искуство во веб хостинг и домени индустријата (познавање и работа во најкористените светски платформи cPanel, Plesk и работа со домени).
Претходно искуство во работа со клиенти.
Трпеливост и комуникативност.
Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата.
Снаодливост и способност за брзо надминување на кориснички проблеми.
Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!
Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00 и од 14:00-22:00.
Во моментов поради Корона криза работата се одвива од дома.
Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Специјалист за техничка поддршка“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 01.03.2022. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.