Специјалист за техничка поддршка

Оглас за работа во МКхост (Специјалист за техничка поддршка)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост, објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата Специјалист за техничка поддршка.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил, ticketing system и online chat).

Решавање на различни предизвици поврзани со серверите и услугите на корисниците на МКхост.

Менаџирање и справување со серверски инциденти и проблеми.

Брза и ефикасна комуникација со корисниците и со колегите.

Потребни квалификации и вештини

Искуство со работа на Linux оперативни ситеми и познавање на работа во терминал.

Познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн.

Работа со Domain Name System-и (DNS).

Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal).

Што би те издвоило?

Одредено искуство во веб хостинг и домени индустријата (познавање и работа во најкористените светски платформи cPanel, Plesk и работа со домени).

Претходно искуство во работа со клиенти.

Трпеливост и комуникативност.

Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата.

Снаодливост и способност за брзо надминување на кориснички проблеми.

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00 и од 14:00-22:00.

Во моментов поради Корона криза работата се одвива од дома.

Канцелариите се наоѓаат во Capitol Mall & Residence

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Специјалист за техничка поддршка“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 25.12.2020. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.