Веб Девелопер

Оглас за работа во МКхост (Web Developer)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата веб девелопер. Kандидатите за отворената позициja ќе работат на веќе постоечки проекти, како и во развојот на нови проекти за домашниот и меѓународниот пазар.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Дизајн и развој на динамички веб апликации со PHP, MySQL, REST APIs и leverage services, како и third party APIs

Рапидно решавање на проблеми, багови, како и проблеми со компатибилност

Контрибуција во сите фази од development lifecycle

Кои моментални познавања би те издвоиле?

Искуство со PHP frameworks (Symfony, Laravel, и сл.)

Искуство со relational DBMS (MySQL)

Искуство со Object-relational mapping (Eloquent/Doctrine)

Искуство со version control (GIT)

Искуство со креирање на RESTful APIs

Високо познавање и работа со OOP и SOLID principles

Високо познавање и разбирање на различни софтверски архитектури

Претходно искуство со работење во агилна девелопмент средина

Одлични способности за комуникација и документирање

Способност за себе-менаџирање и почитување на рокови

Следниве познавања ќе се сметаат за дополнителна предност:

Искуство со test-driven development (PhpUnit, phpSpec, Behat, и сл.)

Знаење и/или искуство со CQRS и Domain driven design

Искуство со различни видови на data storages (Redis, Neo4j, и сл.)

Знаење и/или искуство со различни системи за автентикација и авторизација (oAuth2, JWT, и сл.)

Планирање на архитектура и дизајнирање на микро сервиси

Искуство со CI/CD, DevOps и Cloud (AWS / GCP / DigitalOcean)

Искуство со FrontEnd технологии (React / Vue / Angular)

Познавање на WHMCS

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Web Developer“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 01.05.2020. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.