МКхост База на знаења

МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

1cPanel

Како да изберам различни PHP верзии преку мојот cPanel акаунт?

Како да избереш различни PHP верзии преку твојот cPanel акаунт?

Како наш корисник имаш можност за користење на различни верзии на PHP (5.4 , 5.5 , 5.6, 7.0, 7.1, 7.2 ) кои ги нудат нашите сервери. За различни домени на хостингот сега може да користиш различни верзии на PHP (Пример: носечкиот домен може да ја користи PHP 7.0 верзијата, а Addon доменот може да ја користи PHP 5.4 верзијата).
Исто така и промената на PHP settings може да се направи за различни домени на хостингот.
Ја имаш можноста сам да избереш која PHP верзија сакаш да ја користиш и истото може да го направиш на следниов начин:


Најави се на твојот
 cPanel акаунт: (domen/cpanel и внеси ги соодветно корисничкото име и лозинката за најава).

Во делот Software кликни на multiPHP_manager како што е покажано на сликата.

менување на PHP верзија


На сликата до името на твојот домен ја пишува моменталната PHP верзија (Пример: на сликата подолу моментално се користи PHP верзијата ea-php56).
Доколку сакаш да ја промениш моменталната PHP верзија прво селектирај го доменот на кој што сакаш да ја направиш промената, бидејќи сега за различни домени на хостингот може да се користат различни верзии на PHP (Пример: носечкиот домен може да ја користи PHP 7.0 верзијата, а Addon доменот може да ја користи PHP 5.4 верзијата).Откако ќе селектираш за кој домен сакаш да ја направиш промената во делот PHP Version од drop down менито одбери ја посакуваната PHP верзија (одбери верзија со 'ea' префикс) и кликни на Apply.

PHP верзија