МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

29Општо

Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платоформа да го хостираш твојот веб сајт?

Доколку планираш да направиш свој веб сајт, ќе те интересира на која платформа ќе припаѓа истиот. Најкористените платформи се: Windows и Linux/Unix. 

Linux/Unix веб хостинг

Многу позастапен од Windows платформата, Linux/Unix е најупотребуваната хост платформа кај корисниците. Главната причина поради тоа е што таа има висока репутација на брзина и стабилноста која е веќе години наназад докажана.

Linux/Unix платформата поддржува бројни програми, апликации, јазици и датабази како што се: PHP, Perl, PostGre, MySQLPostGreSQL. Единствена негативност му е тоа што не е целосно компатибилен со технологиите на Microsoft.

Доколку се одлучиш да инсталираш форум (phpbb2, vbulletin, simplemachines…) или пак можеби блог (wordpress…) или CMS (Joomla, PhpNuke, PostNuke…) тогаш Linux платформата за твојот хостинг ќе биде идеална.

Windows веб хостинг

Windows хостингот е добра опција за клиентите кој што ги користат технологиите на Microsoft. Овој веб хостинг е продукт на Microsoft па така и лесно може да се интегрира со останатите сервиси. Windows веб хостинг поддржува голем број на додатни скрипти како што се: ColdFusion, ASP.net како и Access И MSSQL датабази.

Сигурносен фактор
За разлика од Windows серверите кои се повеќе се изложени на напади од вируси и разни други штетни работи кои веќе ги знаеме, Linux серверите се повеќе заштитени и се повеќе отпорни на напади. Истите се повеќе сигурни и повеќе заштитени во рамки на пристап до фајлови/пермисии и слично.

Ценовниот фактор
Најголемата разлика помеѓу овие две платформи е всушност нивната цена. Windows платформата е многу поскапа од Linux/Unix само поради фактот дека за користење на Windows платформата е неопходна регистрација која доведува до екстра трошоци.

На која платформа да го закупите хостингот?
Најчесто поставувано прашање помеѓу корисниците на хостинг услугите е која хостинг платофрма да ја изберат, дали на Windows сервер или пак на Linux сервер.

Забуната доаѓа мислејќи се дека корисниците треба да закупат Windows хостинг затоа што тие работат на Windows оперативен систем или затоа што ако го закупат Linux хостингот, Windows корисниците на оперативниот систем нема да можат да им го отвараат и прегледуваат веб сајтот.

Овие забелешки се неточни. Разликата како што наведовме погоре е во однос на серверската страна, а не и во однос на клиентската страна. Така да и доколку закупиш хостинг простор на Linux сервер, сите корисници без разлика каков оперативен систем користат ќе може да го отвараат твојот веб сајт.

Најчесто нашите клиенти ги закупуваат Windows хостинг пакетите доколку имаат потреба од користење на Access/MSSQL датабази, како и употреба на .NET технологија за нивните изработени веб страни.


Доколку хостираш обична HTML/PHP веб страна за која не е потребна или е потребна MySQL датабаза, тогаш твојот идеален хостинг пакет би бил на Linux платофрма.