Во новоотворениот прозорец потребно е да го избереш доменот за кој ќе го креираш веб сајтот. Дополнително, во делот Search може да го пребараш доменот. Потоа, одбери го доменот со кликање на иконата за селекција.
Во вториот чекор, избери темплејт за твојот веб сајт. Во зависност од потребите, има неколку понудени темплејти. За избор, само кликни на сликата
Во зависност од избраниот темплејт, во следната форма треба да пополниш различни информации. Дел од нив се наслов, опис на веб сајтот, име/име на фирма, адреса, телефонски број, емаил, facebook профил и слично. Пополни ги податоците и кликни на Publish.
Во последниот чекор опционално може да го прилагодиш веб сајтот преку поставување фајлови на тој веб сајт, креирање емаил или нов веб сајт. Само кликни на некој од линковите и ќе бидеш редиректиран до локацијата каде ќе може да се извршат тие операции
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.