МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

4cPanel

Промена на квота на одредена емаил адреса

При креирање на емаил адреса преку твојот cPanel акаунт имаш можност да подесиш квота за истата. Односно максимална дозволена големина која емаил адресата би можела да ја користи од хостинг просторот. Кога квотата ќе биде исполнета потребно е истата да се зголеми или да се избришат непотребни емаил пораки. Доколку се одлучиш за промена на квотата на одредена емаил адреса следи ги инструкциите подолу: 

Најави се на твојот cPanel акаунт и во делот Email кликни на Email Accounts
 
 email accounts
 
Во новоотворениот прозорец пронајди ја адресата за која сакаш да ја промениш квоатата (или онаа емаил адреса чија квота е исполнета - прикажана со црвена боја) и кликни на копчето Manage

промена на квота на емаил
 
Во делот Storage - Allocated Storage Space внеси нова (поголема/помала квота за дадената емаил адреса или пак сетирај ја истата да има Unlimited квота што би значело дека дадената емаил адреса може целосно да ги користи слободните ресури за хостинг акаунтот). На крај кликни на Update Email Settings

промена на квота за емаил адреса

Со ова промената на квота на емаил адресата е успешно завршена. 
Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.