Како корисник на хостинг пакет, може самостојно да креираш бази на податоци преку твојот cPanel акаунт.
За успешно креирање на база на податоци преку cPanel акаунт следи ги следниве чекори:
Најави се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка.
Во делот Databases кликни на MySQL Databases
Во новоотворениот прозорец имаш можност да креираш бази и да ги гледаш веќе постоечките бази. За креирање на нова база, во делот Create a New Database, запиши го само името на базата (во нашиот случај името на базата е baza). Како што може да забележиш пред името на базата, кое сам го одбираш, стои име на доменот (во нашиот случај тоа е mkhost, во твој случај, пред името на базата ќе стои името на твојот домен) и кликни на Create Database.
На крај ќе се појави известување дека базата е успешно креирана.
Доколку кликнеш на GoBack, во делот Current Databases може да ја видиш базата која веќе си ја креирал. Во делот Action може да ја преименуваш или избришеш базата, додека во делот Modify Databases може да ја провериш исправноста на базата или пак доколку има некој проблем да направиш Repair.