Веб хостинг (eng. Web Hosting) претставува простор алоциран на сервер, кој е прикачен на брза интернет конекција. Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. МКхост нуди повеќе хостинг пакети со помал и поголем простор. Веб хостинг всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:
Домен претставува име кое е карактеристично за секој веб сајт. Препознатливото домен име на МКхост е mkhost.com, преку кое нè посетуваш и всушност сега го читаш овој пост.
Сите веб сајтови на интернет првично функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е тешко да запомниме IP адреси (пр. 174.133.183.58), па затоа ги користиме домените кои лесно се памтат.
Домените се уникатни и не може да има два исти домени. Можно е да има две исти имиња со различна наставка (пр. mkhost.org , mkhost.com и слично). Крајните наставки не се многу важни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку твојот веб сајт таргетира посетители од Македонија, наставката да биде .mk со што би се знаело дека доменот има врска со Македонија.
Доколку сакаш да регистрираш домен, тоа може да го направиш преку МКхост, едноставно кликни на овој линк и избери го името што сакаш да го регистрираш и искористиш за креирање на твојот веб сајт.
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.