МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

24Домени

Сакаш да регистрираш домен, но сакаш да биде хостиран на друг провајдер?

Да, може да регистрираш домен преку МКхост и истиот да го хостираш на друг провајдер.

Најпрво треба да провериш дали доменот што сакаш да го регистрираш е слободен за регистрација. Доколку истиот е зафатен обиди се со друг домен или друга наставка.

Дали доменот е слободен за регистрација може да провериш на следниов линк

Откако ќе провериш дека доменот е слободен за регистрација, може да направиш нарачка за истиот. Доменот може да го регистрираш и да го поставиш на наш сервер или да го регистрираш и да го чуваш за во иднина кога ќе креираш свој веб сајт. 

Доменот може да го регистрираш и да го потавиш на друг сервер. Регистрираниот домен во МКхост може слободно да го хостираш во било која друга хостинг компанија, а во иднина кога ќе сакаш да ја промениш компанијата може да направиш промена на ДНС серверите во било кое време.

Со самата регистрација на домен во МКхост добиваш свој кориснички профил од каде ќе може самостојно да правиш промена на ДНС сервери, промена на контакт информации, промена на рекордите на доменот во ДНС зоната и сл. По потреба може да направиш трансфер на доменот во друг регистрар, со што преку корисничкиот профил може сам да го земеш ЕПП кодот за трансфер.

Дополнителни промени кои може да ги направиш на регистриран домен се промена на сопственост и бришење на доменот.

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.