МКхост База на знаења

МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

28Веб Хостинг

Како да го префрлиш сајтот од друг хост на МКхост?

Најбрзо и наједноставно може да го трансферираш сајтот во МКхост следејќи ги следниве 5 чекори:

  1. Избери еден од хостинг пакетите што ги нудиме на нашиот веб сајт mkhost.com
    Сите хостинг пакети имаат слични карактеристики, се разликуваат само во однос на хостинг просторот како и месечниот трансфер и во бројот на домени кои може да ги хостираш на дадениот хостинг пакет. Ако твојот веб сајт зафаќа помалку од 2000mb тогаш може да го закупиш првиот Basic пакет. Овој избор би бил идеален доколку во блиска иднина не планираш да хостираш уште домени, како и ако не планираш да го надоградуваш веб сајтот, па да ти биде потребен поголем простор. Во секој момент во иднина ќе може да преминеш од еден на друг пакет.
  2. Заврши ја нарачката и уплати ја профактурата што ќе се генерира.
    Кога веќе знаеш кој хостинг пакет ќе одговара за твојот веб сајт, кликни на Нарачај веднаш за да го нарачаш истиот. Веднаш во првиот чекор од нарачката ќе бидеш прашан дали сакаш МКхост да регистрира нов домен за тебе или веќе имаш твој домен. Ќе ја избереш втората опција, затоа што веќе имаш свој домен и ќе ја завршиш нарачката до крај. По завршување на нарачката ќе  биде генерирана профактура со единствен број. Профактурата може да ја уплатиш на наша жиро сметка или онлајн со кредитна / дебитна картичка. Веднаш по уплатата ние го активираме и сетираме хостинг пакетот. Доколку уплатиш со кредитна картичка, активацијата е автоматска. Сите информации за најава, објаснувања и слично ќе ги добиеш на емаил.
  3. Префрлање на сајтот од стариот хост провајдер на МКхост.
    Доколку оваа процедура ти изгледа сложена и не можеш да се снајдеш, МКхост е тука да ти помогне. Слободно контактирај не на support@mkhost.com или на 02 27779 444 за прашања и насоки. Доколку хостингот го имаш закупено на годишно ниво, само испрати ни ги логин податоците од стариот хост и ние ќе го направиме префрлањето на твојот сајт. 
    Сега веќе имаш два активни хостинг акаунти. Стариот хостинг, како и новиот од МКхост. Потребно да се префрлат фајловите како и сите сервиси од стариот хост на МКхост. Веќе ги имаш податоците за најава
    . Треба да започнеш со превземање на сите датотеки и директориуми од стариот хост. Превземањето може да го извршиш преку FTP пристап (Filezilla е одличен клиент програм за користење на FTP протоколот). Ги превземаш сите информации од стариот хост на твојот локален компјутер.
    Кога веќе ги имаш сите податоци на твојот локален компјутер, вршиш компресирање / зипување во една .zip датотека. Во оваа датотека се наоѓаат сите податоци од твојот сајт (освен бази и емаилови доколку има). Зип фајлот го прикачуваш на новиот хост (исто преку FTP) од МКхост и го сместуваш во public_html директориумот. Веднаш се логираш во cPanel и го избираш File Manager. Зипуваната датотека веќе треба да ја увидиш. Ја селектираш со кликнување на неа и потоа ја избираш опцијата Extract. Ова ќе ги одзипува сите информации на хостот на МКхост. По завршување на одзипувањето избриши ја .zip датотеката.
    Со ова си направил префрлување на сите фајлови и фолдери од стариот на новиот хост.
    Доколку на стариот хост си имал и одредени mySql бази на податоци, потребно е и нив да ги префрлиш. Доколку не знаеш како да направиш backup на базата на податоци на стариот хост, тогаш контактирај ја хостинг компанијата да ти објасни или да ти го испрати backup фајлот (.sql) од базата на податоци.
    Кога веќе го имаш и си направил backup на базата, ќе треба истата да ја ресторираш на серверот на МКхост. Најави се на cPanel и оди во делот за Mysql Databases. Креирај нова база на податоци. Кога ќе ја креираш врати се едно ниво назад, во Home на cPanel и избери ја функцијата: PHPMyAdmin. Кликни на базата што ја креираше и избери Import. Селектирај го .sql фајлот од твојот компјутер и изврши upload. Доколку не се врати грешки базата успешно си ја импортирал и ресторирал на нашиот сервер. Потоа потребно е да креираш корисничко име за базата и да ги подесиш овие конекциски конфигурации во connection фајлот од софтверот што ќе ја користи базата.
    Доколку оваа процедура ти изгледа сложена и не можеш да се снајдеш, МКхост е тука да ти помогне. Дури може и ние да го направиме целиот овој трансфер за тебе. Само ќе треба да ни ги доставиш податоците за најава од стариот хост.
  4. Ре-креирање на емаил адресите (доколку користиш емаил сандачиња).
    Доколку на стариот хост си користел и емаил адреси, тогаш истите ќе треба да се креираат и на хостот на МКхост. Едноставно најави се во cPanel и во делот Email Accounts креирај си ги адресите со саканите лозинки.
  5. Промена на именските опслужувачи (ДНС сервери) на твојот домен.
    Останува уште еден чекор кој ќе треба да го направиш за да се комплетира целиот транфер. Потребно ќе биде да ги промениш именските опслужувачи (ДНС сервери) во оние на твојот нов сервер. Доколку доменот е регистриран кај нас, повеќе инструкции за промена на именските опслужувачи може да најдеш на следниов линк:
    Доколку доменот е регистриран во друг регистрар контактирај го истиот за да ја направи соодветната промена. Потоа треба да почекаш само одредено време за рефреширање на ДНС зоните за  промените да бидат видливи.