За еден веб сајт да функционира и да биде присутен на Интернет потребно е да има регистриран домен и соодветен закупен хостинг простор каде што ќе ги поставуваш фајловите / базите / емаил адресите и целокупната содржина на веб сајтот.
За префрлање на твојот веб сајт во МКхост, потребно е да закупиш еден од нашите хостинг пакети (понудата може да ја видиш на овој линк).
По активацијата на пакетот, потребно да се мигрира целокупната содржина на твојот хостинг од стариот на новиот сервер односно од моменталниот хостинг на новиот хостинг кој си го закупил во МКхост.
Оваа миграција може да ја направиш сам, така што при активацијата ќе добиеш информации за најава на cPanel акаунт преку кој ќе може да ги поставиш твоите фајлови или пак миграцијата може да ја направиме ние.
Доколку твојот моментален хостинг панел е cPanel, миграцијата е автоматска и сите подесувања и податоци ќе се мигрираат без никаков проблем или прекин и губење на податоци. (Ни ги испраќаш само податоците за најава на cPanel).
Доколку моменталниот хостинг нема поддршка за cPanel, миграцијата треба да се направи рачно и притоа треба да ни овозможиш пристап (или да ни испратиш backup), за следниве групи на податоци:
- Фајловите од самата веб страна
- База на податоци (доколку постои)
- Емаил адреси (доколку имаш активирано)
Доколку при миграција на веб сајт на наш сервер, сакаш и доменот да биде кај нас (трансфер на домен), тогаш можни се следниве две опции:
- Доколку се работи за .mk домен, се што треба да направиш е да го побараш ЕПП кодот за трансфер од моменталниот регистрар и да ни го испратиш на нас. Овој процес на трансфер на домен е бесплатен. Датата на истек на доменот останува иста. Обновата на доменот ја правиш пред истек на истиот.
- Доколку се работи за .com домен (интернационален домен) тогаш потребно е:
- доменот да не истекува за помалку од 10 дена
- доменот да добие статус: unlocked (да биде отклучен за да може да се направи трансферот)
- да ни испратиш ЕПП код за транфер
- да имаш пристап до емаилот кој е оставен како административен контакт, за да може да го потврдиш трансферот (се праќа емаил од МКхост со кој треба да го потврдиш трансферот за истиот успешно да се изврши)
Со трансфер на интернационален домен, истиот се обновува за уште една година и поради тоа трансферот се наплаќа по цена за обнова. Интернационален домен не се трансферира веднаш, трансферот трае од 4-10 дена.
Доколку сакаш, доменот може да остане активен и во моменталниот регистрар - каде што е регистриран. Откако хостинг пакетот ќе биде активен и откако ќе го префрлиме веб сајтот на наш сервер, ќе треба да го известиш регистрарот или сам да ги промениш имеснките опслужувачи (ДНС сервери) во оние кои ние ќе ти ги испратиме.