МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

5cPanel

Промена на лозинка за најава во cPanel

Постојат два начини како може да ја промениш лозинката на твојот хостинг односно cPanel акаунт.

Првиот начин е промена преку cPanel, доколку ја знаеш старата лозинка.

Најави се на твојот cPanel акаунт, tvojotdomen/cpanel, во делот Preferences кликни на Password & Security

промена на лозинка за cPanel

Во новоотворениот прозорец внеси ја старата лозинка и веднаш под неа внеси нова лозинка со која во иднина ќе се најавуваш на твојот cPanel акаунт и кликни на Change your password now.

нова лозинка за cPanel

Втор начин за промена на лозинка на твојот хостинг е преку твојот кориснички профил.

Најпрво најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com. Во менито избери Хостинг и потоа избери го хостинг пакетот за кој сакаш да промениш лозинка.

промена на лозинка за цпанел

Во новоотворениот прозорец, во делот cPanel пристап веднаш до Лозинка има копче Промени. 

лозинка за цпанел

Кога ќе кликнеш на копчето Промени, ќе се отвори нов прозорец Промена на cPanel лозинка, внеси ја новата лозинка и кликни на Промени.

*Лозинката мора да биде најмалку 8 карактери и треба да содржи барем 1 голема буква, 1 бројка и барем 2 специјални карактери.

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.