Постојат два начини како може да ја промениш лозинката на твојот хостинг односно cPanel акаунт.
Првиот начин е промена преку cPanel, доколку ја знаеш старата лозинка.
Најави се на твојот cPanel акаунт и во делот Preferences кликни на Password & Security
Во новоотворениот прозорец внеси ја старата лозинка и веднаш под неа внеси нова лозинка со која во иднина ќе се најавуваш на твојот cPanel акаунт и кликни на Change your password now.
Втор начин за промена на лозинка на твојот хостинг е преку твојот кориснички профил.
Најпрво најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com. Во менито Хостинг избери го хостинг пакетот за кој сакаш да промениш лозинка.
Во новоотворениот прозорец, во делот cPanel пристап веднаш до Лозинка има копче Промени.
Кога ќе кликнеш на копчето Промени, ќе се отвори нов прозорец Промена на cPanel лозинка, внеси ја новата лозинка и кликни на Промени.
*Лозинката мора да биде најмалку 8 карактери и треба да содржи барем 1 голема буква, 1 бројка и барем 2 специјални карактери.
Со ова лозинката за најава на cPanel ќе биде променета.
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.