Најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com, избери Хостинг и ќе се отворат сите хостинг пакети кои ги имаш закупено.
Веднаш до хостингот кој сакаш да го надоградиш кликни на копчето како што е прикажано на сликата и избери Надогради хостинг пакет
Во новоотворениот прозорец ќе ја видиш цената која треба да ја доплатиш за надоградба (ја доплаќаш разликата во цена само за деновите кои преостануваат од хостингот што ќе ги користиш со новиот хостинг пакет). Кликни на Избери хостинг и автоматски ќе се генерира профактура за оваа услуга.
По уплата на профактурата, твојот хостинг пакет ќе биде веднаш надограден.
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.