МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

14cPanel

Како да инсталираш Wordpress и соодветна тема користејќи го Softaculous преку твојот cPanel акаунт?

МКхост поддржува над 300 бесплатни скрипти кои може многу едноставно да ги инсталираш и да ги користиш при креирање на твојот веб сајт. Користејќи го Softaculous (автoматскиот инсталатор на апликации) секој корисник на хостинг пакет кај нас може многу едноставно да инсталира WordPress со само неколку клика. 

Инструкции за инсталирање на WordPress преку Softaculous: 
 
Логирај се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка
 
Во делот Softaculous Apps Installer кликни на WordPress

wordpress
 
Во новоотворениот прозорец кликни на табот Install за да започнеш со инсталацијата (во другите табови може да прочиташ повеќе околу WordPress) 
 
На следната отворена страница пополни ги деталите за да започне WordPress инсталацијата
  • Избери го доменот за кој сакаш да инсталираш WordPress
  • In Directory полето потребно е да остане празно
  • Site Settings делот треба да е пополнето според твоите барања, притоа може да се промени овој дел секогаш кога ти е потребно
  • Биди сигурен дека податоците внесени во Admin Account се доволно безбедни така што ќе содржат букви, бројки и барем еден специјален карактер
  • Table Prefix исто така може да остане default wp_, но поради сигурносни причини подобро е да се смени пример во ncwsite_ 
install wordpress

install wordpress 1

Пред да завршиш со WordPress инсталацијата, 
во делот Select Theme пронајди ја темата која најмногу ти одговара, кликни на Select и на Instal.

wordpress theme
 
Со тоа WordPress инсталацијата ќе започне. За неколку минути ќе добиеш порака на екранот која ќе те извести дека WordPress инсталацијата е успешна. 

Исто така ќе се прикаже и линкот за најава на твојот WordPress. Тука ќе се најавиш со твоето корисиничко име и лозинка кои ги внесе при инсталацијата на WordPress. Откако успешно ќе се најавиш ќе ја забележиш темата која си ја одбрал дека е успешно инсталирана. 
Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.