МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

0Портал

Како сам да додадеш кредити на твојот кориснички профил

 

Како корисник на услугите на МКхост, на твојот кориснички профил може да додадеш кредити кои подоцна би ги користел за обновување на услуги или закуп на нови.

Со оваа услуга можеш лесно сам да ги плаќаш профактурите или да ни пишеш емаил на нас, да ја забележиме профактурата како платена и да ги обновиме или регистрираме услугите.

 

Постапката за додавање на кредити на твојот кориснички профил е следна:

 

Најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com и во менито избери Моја сметка. Во новоотвороениот прозорец, во делот Купи кредит внеси ја сумата која сакаш да ја додадеш на твојот кориснички профил и кликни на Купи.

 

додавање кредити на акаунт

 

Ќе се појави pop-up прозорец каде што пишува Дали си сигурен дека сакаш да нарачаш кредит? Повторно кликни на Купи.

 

Автоматски ќе биде генерирана профактура која може да ја платиш онлајн со картичка или на жиро сметка. Постапката за плаќање на профактура може да ја видиш на следниов линк

 

Веднаш по извршена уплата кредитите автоматски ќе бидат додадени на твојот кориснички профил.

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.