МКхост База на знаења

МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

76Емаил

Како да креираш емаил адреса?

 
Во денешно време, кога се се базира и врти околу Интернет, освен што е важно да имаш свој регистриран домен за твојата компанија, многу е важно да имаш и своја професионална емаил адреса (пример: username@imenadomenot)

За да креираш своја професионална емаил адреса најпрво ќе треба да закупиш хостинг пакет, односно место каде што ќе може да го поставиш твојот веб сајт и да ги креираш и чуваш твоите емаил адреси. 
 
Со закуп на хостинг пакет кај нас, добиваш податоци за најава на твојот контролен панел (cPanel). cPanel претставува контролен панел, на кој може да се најавиш и преку кој може да управуваш со твојот хостинг простор (односно да поставуваш содржини за твојот веб сајт, да креираш бази на податоци или пак да креираш емаил адреси). За креирање на емаил адреси следи ги следниве чекори (доколку наидеш на било каков проблем, слободно контактирај не за помош)

Најави се на твојот cPanel акаунт. За најава користи го следниов линк: http://imenadomenot.com.mk/cpanel (каде imenadomenot треба да го заменш со име на носечкиот домен од хостингот). Доколку не ги знаеш податоците за најава, контактирај не. 

Откако ќе пристапиш до контролниот панел од листата насловена Email избери Email Accounts.

email account

Во новоотворениот прозорец кликни на копчето Create
 
create email
 
Пополни ги полињата со емаил адресата, лозинка и посакуваната квота и кликни на Create.
 
креирање на емаил

Со оваа постапка успешно си креирал емаил адреса.

Доколку сакаш да ги видиш емаил адресите кои ги имаш креирано оди во делот Email Accounts и таму ги има сите емаилови кои ги имаш успешно креирано.

Креирање на емаил адреса од addon или parked домен

Постапката за креирање на емаил адреса од addon или parked домен е иста со погоре опишаната. Единствено, потребно е конкретните домени да бидат поставени како addon или parked соодветно, и во паѓачкото мени од делот Domain во формата за креирање на емаил адреса да го избереш посакуваниот домен.