МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

16Домени

Промена на DNS сервери (именски опслужувачи) на твојот домен

Управување со именски опслужувачи подразбира промена на авторитетните DNS сервери за саканиот домен.  Именските опслужувачи овозможуваат поврзување на хостинг со домен и прават една единствена целина. Токму затоа потребно е често да ги ажурираш именските опслужувачи на доменот доколку вршиш честа промена на твојот хостинг. Постапката за промена на именските опслужувачи е следна: 

Најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com  
и кликни на Домени. Откако ќе ти се прикажат сите домени кои ги имаш на профилот, од левата страна на доменот за кој сакаш да направиш промена кликни на копчето како што е прикажано на сликата и избери Промени именски опслужувачи

промени именски опслужувачи


Во новоотворениот прозорец, постави ги именските опслужувачи на соодветниот хостинг кој го имаш закупено и кликни на Зачувај промени

промена на именски опслужувачи