Постапката за редиректирање на даден домен кон друг преку cPanel е следна:
Најави се на твојот cPanel акаунт, imenadomen/cpanel со соодветно корисничко име и лозинка.
Откако успешно ќе се најавиш, во делот Domains кликни на Redirects

Во новоотворениот прозорец најпрво избери дали редирекцијата на доменот сакаш да биде перманентна или привремена.
Во делот redirects внеси го доменот кон кој сакаш носечкиот доменот да биде редиректиран.
Избери дали сакаш доменот да се редиректира и со www пред него, без www или со и без www. На крај кликни на Add
