МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

1cPanel

Редирекција на домен преку cPanel

Постапката за редиректирање на даден домен кон друг преку cPanel е следна: 

Најави се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка. 
 
Откако успешно ќе се најавиш, во делот Domains кликни на Redirects 

redirect
 
Во новоотворениот прозорец најпрво избери дали редирекцијата на доменот сакаш да биде перманетна или привремена. 
 
Во делот redirects напиши го доменот кон кој сакаш носечкиот доменот да биде редиректиран.
 
Избери дали сакаш доменот да се редиректира и со www пред него, без www или со и без www. На крај кликни на Add

add redirect
 
Доколку имаш активен хостинг во друга хостинг компанија, а доменот е регистриран кај нас, редирекција на доменот може да направиш преку твојот кориснички профил. Постапката може да ја видиш на овој линк.
Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.