МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

2Веб Хостинг

Како самостојно да вратам бекап на мојот хостинг план?

Во делот „Хостинг“ во менито на Корисничкиот портал, избери го соодветниот хостинг план за кој сакаш да вратиш бекап. По избор на планот, во горниот дел ќе го забележиш едниот од табовите кој носи наслов „Backup на податоци“.

backup.1

backup.2

Прочитај ги важните информации кои се наоѓаат на врвот во овој дел, а кои се однесуваат на достапните датуми за бекап, како и достапноста на информациите по враќањето на бекап.

Следно, избери на кој датум од минатото сакаш да ги ресторираш податоците. Постојат само неколку достапни датуми во одреден момент, кои се менуваат постојано.

Доколку сакаш да вратиш бекап на некој постар датум од достапните, ќе треба да го контактираш нашиот тим. За разлика од оваа услуга преку Корисничкиот портал која е бесплатна и се одвива преку локален сервер, услугата за враќање на постар бекап чини 1990 МКД + 18% ДДВ, бидејќи за истата е потребно враќање на податоци од remote локација.

По избор на датумот, ќе се појават три опции (бекап на сите поддомени, маил конфигурација и MySQL датабази). Можеш да избереш една, две или сите од овие опции. Со избирање на сите три опции, се прави целосен бекап на хостингот.

backup.3

Поради безбедносни причини, бројот на дозволени restore таскови на еден хостинг профил е три пати дневно.

Избери го копчето „Врати backup“. Ќе бидеш известен по извршување на истиот за тоа каков е статусот на бекапот, и кои се наредните чекори кои треба да се преземат.

backup.4

Можни статуси на бекапот се:

  • Се процесира - Бекапот се извршува во моментот.
  • Неуспешно - Бекапот е неуспешен. Ќе добиеш соодветно маил известување, по што ќе треба да го контактираш нашиот тим.
  • Успешно комплетирано - Бекапот е успешен. Ќе добиеш соодветно маил известување.
  • Комплетирано со предупредување - Ресторирањето е завршено, но со можни грешки. Направи мануелна проверка на сајтот дали е во ред. Доколку не е во ред, обиди се да вратиш целосен бекап на веб сајтот (со селектирање на сите три опции).

Историјата на твоите бекапи ќе биде достапна и на самиот Кориснички портал, каде што можеш да видиш детално кога се извршени, со какви опции, и каков е нивниот финален статус.

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.