МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

3Емаил

Поставување на Email Forwarders

Доколку имаш потреба да ги препратиш пораките од твојот кон останатите надворешни акаунти, потребно е да поставиш Email Forwarders. Тоа може да го направиш на следниов начин:

Најави се на cPanel и во делот Email избери ја опцијата Forwarders.

email forwarders

Во новоотворениот прозорец кликни на копчето Add Forwarder.

email forwarders


Следно што треба да направиш е да ги пополниш соодветно полињата кои се прикажани.
Во полето Address to Forward, напиши ја емаил адресата за која сакаш да направиш forward на пораките.
Во полето Forward to email address, внеси ја емаил адресата до која сакаш да оди forward на пораките.
На крај кликни на копчето Add Forwarder.

email forwarders

Со тоа си ја завршил постапката. Наредниот пат кога ќе биде пратена порака до адресата на која си направил forward, истата порака ќе пристигне на адресата до која се прави forward (односно целната адреса). Така нема да мора да ги проверуваш сандачињата за емаил на двете адреси, наместо тоа доволно ќе биде да го провериш сандачето од целната адреса.


* Истата постапка може да ја примениш и на цел домен наместо на единечна адреса*

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.