МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

2Емаил

Поставување на OoO (Out of Office) порака

Како да поставиш ОоО (Out of Office) порака?

Понекогаш при работењето доаѓаш во ситуации кога заради одсуство или ограничен/воопшто невозможен пристап до твојот емаил, нема да си во можност навремено да реагираш на пораките. Секако би сакал да ги известиш твоите клиенти/соработници, а најдобар начин да го направиш тоа е поставување на OoO (Оut of Office) порака.

Постапката е едноставна и е објаснета во продолжение

  • Најпрво најави се во контролниот панел (cPanel). Во делот Email, избери ја опцијата Auto Responders.



autoresponders

 

  • Од новоотворениот прозорец кликни на копчето Add Auto Responder.



autoresponders

 

  • Во празните полиња внеси ги посакуваните параметри.



  • За крај кликни Create/Modify, како би ги зачувал промените. Со тоа успешно си креирал порака. Па, следниот пат штом пристигне емаил во твоето сандаче, истиот ќе биде автоматски одговорен со пораката која си ја запишал.
Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.