МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

10Веб Хостинг

Како да менуваш/додаваш рекорди во ДНС зоната на твојот домен?

Со регистрација на домен во МКхост добиваш бесплатна услуга, ДНС хостинг која овозможува комплетна контрола на твојата ДНС зона. Односно, преку корисничкиот профил ќе може да управуваш со сите записи за твојата ДНС зона, како А, АААА, MX, CNAME, NS, TXT, SRV рекорди. Може слободно да додаваш, бришеш и менуваш дополнителни записи од ДНС зоната. Дополнително, со еден клик може да конфигурираш и користиш MX записи на Google. Притоа, доколку згрешиш, може да ја рекреираш целата зона. 

За записите внесени во ДНС зоната да бидат валидни, потребно е именските опслужувачи на доменот да бидат оние на МКхост. Доколку именските опслужувачи покажуваат на друго место, записите од ДНС зоната на МКхост нема воопшто да се земат во предвид.

За управување со ДНС зоната има два начини. Првиот е преку твојот кориснички профил - portal.mkhost.com - со користење на ДНС хостингот, а вториот е преку cPanel и е возможен доколку веќе имаш закупено веб хостинг во МКхост.

Управување со ДНС зоната на твојот домен преку кориснички профил со ДНС хостинг услугата:
 
Најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com 
Во менито кликни на Домени и избери за кој домен сакаш да направиш промена

кориснички профил, домени

Во новоотворениот прозорец кликни на ДНС Зона
 
промена на ДНС зона

Од тука може да управуваш со ДНС записите и да
 ја гледаш дифолтната ДНС зона, во која имаш веќе поставено А Record, MX Record и CNAME Record. Може да ги менуваш веќе постоечките и креирани рекорди или пак да додадеш нови записи. При било каква промена на постоечките записи или пак при додавање на нов запис за да зачуваш само кликни на страна и почекај неколку секунди со што ќе добиеш известување дека записот е зачуван
 
ДНС зона
 
За да бидат активни промените кои си ги направил треба да провериш дали доменот е подесен на главните ДНС сервери: dns1.mk-host.mk и dns2.mk-host.mk .
Доколку сакаш ДНС зоната да ја вратиш на сам почеток - во состојба при прво креирање на зоната кликни не Ресетирај ДНС зона. Внимавај при оваа акција сите моментални записи се бришат и зоната се рекреира со дифолтни записи. 
Доколку сакаш компетно да ја избришеш ДНС зоната кликни на Избриши ДНС зона. Внимавај при оваа акција ДНС зоната за овој домен нема да постои и дококу доменот не е насочен со сооветни именски опслужувачи истиот може да пне функционира.

Управување со ДНС зоната на твојот домен преку cPanel

Најави се на твојот cPanel акаунт
Во делот Domains кликни на Zone Editor.

zone editor

Во новоотворениот прозорец во делот Domain ќе се прикажат сите домени кои ги имаш на хостингот. До доменот за кој сакаш да направиш промена кликни на копчето A Record, CNAME Record или MX Record во зависност од тоа кој рекорд сакаш да го промениш.

 
zone editor

Ќе се отвори нов прозорец каде што треба да внесеш A Record, CNAME Record или MK Record, (во конкретниов случај на сликата подолу внесуваме A Record) и на крај кликни на Add an A Record за да ги зачуваш промените.
 
zone editor
 
Доколку сакаш да внесеш нов рекорд како AAAA (IPv6 Address), SRV (Service Record), TXT (Text Record) и други, кликни на копчето Manage.
 
zone editor
 
Одбери го соодветниот рекорд што сакаш да го менуваш и кликни на копчето Edit.
 
 
zone editor
 
Откако ќе ги направиш промените, кликни на Save Record
Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.