cPanel платформата ти овозможува да направиш бекап на податоците од твојот хостинг, кои се неопходни во твоето секојдневно работење.
Процесот е едноставен, интуитивен и лесен за извршување.
Најави се на твојот cPanel акаунт и кликни на иконата Backup
Креирање на Full Backup - во оваа форма се вклучени сите податоци од хостинг акаунтот (веб сајт, емаил сандачиња, DB…). Кликни на Download a Full Account Backup
Во новоотворениот прозорец има повеќе опции за бекапот
Во делот Backup destination, имаш можност содржината да ја зачуваш на различни локации, Remote FTP, Home Dir(Homedir од твојот хостинг акаунт), SCP
Со кликање на Generate Backup ќе се креира истиот.
Со кликање на веќе направениот бекап, во делот Backups Available for Download истиот може да го превземеш.

Креирање на парцијални бекапи
Во оваа форма се достапни одделно:
Бекапот може да го превземеш со еден клик на посакуваната категорија.
Restore на backup
Најпрво најави се на твојот cPanel и кликни на иконата Backup
Oткако претходно си генерирал бекап, пронајди го парцијалниот бекап кој сакаш да го прикачиш и кликни на Upload
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.