МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

2Веб Хостинг

Промена на име на домен за дадена инсталација на WordPress

 
Во овој туторијал ќе бидат опфатени чекорите кои најчесто ги користиме за промена на името на доменот за дадена WordPress инсталација. Тоа значи промена на твојот веб сајт од old_domain.com да премине, т.е. да се преименува во new_domain.com. Оваа промена важи и доколку сакаш да ги промениш линовите од http://domainname.com во https://domainname.com, т.е. да ги промениш линковите да имаат вклучен secured протокол. За оваа промена да биде валидна треба да имаш инсталирано SSL сертификат на твојот хостинг.

Доколку правиш миграција на содржините на хостингот од еден на друг фолдер, најпрво биди сигурен дека содржината на веб страната е поставена и дека базата е поврзана со хосингот. Овој чекор не е потребен доколку сакаш само промена на името на доменот на постоечкиот веб сајт. (http->https или само промена на име).

Најави се на твојот cPanel. Во делот Databases кликни на phpMyAdmin
 
 
Селектирај ја базата која се однесува на веб сајтот. Кликни на wp_posts и ќе забележиш дека моменталните постови се со линкови old_domain.com (во делот guid стои стариот линк). Потоа кликни на делот SQL како што е прикажано на сликата

sql
 
Во делот SQL постави го следниов код:
UPDATE wp_posts SET guid =
REPLACE(

guid, "olddomain.com/wordpress",
"www.newdomain.com"
);

Делот означен со Bold треба да го промениш зависно твоите потреби. Wp_posts треба да биде променето во зависност од името на базата, во случајот тоа е името: mkhost_wp420
Во продолжение слика како би изгледал query-то за овој случај:

sql Wp_posts

Потоа кликни на копчето Go во десниот дел од прозорецот и со тоа линковите во wp_posts треба да се променети.
Доколку станува збор за промена на линковите од http во https, промената би била од http://domen.com во https://domen.com
 
Најави се на администраторскиот панел на твојот сајт olddomain.com/wp_admin. Потоа во делот Plugins - Add New инсталирај го и активирај го следниот плагин: Velvet Blues Update URLs
 
plugin

По активацијата кликни на Tools ->Update URLs и направи ги следните промени:

update urls
 
Со тоа линкот на постовите, страните, линковите, медиа фајловите ќе бидат променети.

Во администраторискиот дел кликни на Settings -> General. Потоа напиши го новиот линк во деловите WordPress Address (URL) и Site Address (URL) и кликни на Save Changes.
Со тоа се финализира автоматската промена на линкови.

Напомена: Доколку во твојот веб сајт постојат рачно додадени линкови, оваа автоматска промена нема да направи update на истите. Потребно ќе биде да се направи рачна промена во кодот.
 
Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.