МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

4Домени

Како да го трансферираш твојот домен во МКхост?

Во МКхост може да трансферираш домен од било кој регистрар, без разлика дали се работи за македонски или интернационален домен.

Како сам да трансферираш домен во МКхост?

Најпрво најави се на portal.mkhost.com со соодветнот корисничко име и лозинка. 

Од менито, во делот Продавница избери Домени. Кликни на Трансферирај домени, напиши го доменот кој сакаш да го трансферираш и кликни на Барај домен. Подолу ќе се прикаже твојот домен и кликни на Додади во кошничка.

трансфер на домен

Следно, кога ќе ја отвориш кошничката внеси го ЕПП кодот за трансфер во полето означено подолу на сликата и кликни на Продолжи кон наплата.

внеси ЕПП код за трансфер

Во наредниот чекор, правиш преглед на целата нарачка. На крај кликни на Потврди нарачка и плати.

домен трансфер

Со ова твојот домен ќе биде успешно трансфериран во МКхост.


Процедура за трансфер на македонски домен во МКхост (.mk  .com.mk  .edu.mk .org.mk  .net.mk .inf.mk .мкд)

За да трансферираш македонски домен во МКхост потребно е да побараш ЕПП код за трансфер од моментален регистрар.
Како најбрзо да го пронајдеш кодот во моменталниот регистрар?

  1. Да испратиш емаил до моменталниот регистрар и да го побараш ЕПП кодот за трансфер (емаилот од кој треба да биде пратен, е емаилот на регистрантот (сопственикот) кој може да се провери овде whois.marnet.mk
  2.  Да се најавиш на онлајн панелот на моменталниот регистрар (доколку имаат таков) и во опциите каде што се управува со доменот да го побараш кодот (истиот ќе биде прикажан на екран или доставен по емаил).

Откако ќе го добиеш кодот за трансфер, испрати го на domains@mkhost.com и доменот веднаш ќе биде трансфериран во МКхост.

Оваа процедура за трансфер на домен е бесплатна. Датата на истек на доменот останува иста. Обнова на доменот се прави пред истек на истиот или по твоја желба, во било кое време.
Доменот може да се трансферира во било кој период (не мора да се чека истиот да истече или точно пред истекот да се прави трансферот, исто така може да се трансферира и доколку доменот е истечен, односно е во заштитен период).

Процедура за трансфер на интернационален домен во МКхост (.com .net .org  .info и други) 

За да трансферираш интернационален домен во МКхост потребно е: 

  1. Доменот да биде отклучен (за ова треба да го известиш моменталниот регистрар или да се најавиш на онлајн панелот и сам да го отклучиш доменот, треба да добие статус unlocked)
  2. Да побараш ЕПП код за трансфер и истиот да го испратиш на domains@mkhost.com (доколку немаш пристап до ЕПП кодот за трансфер тогаш обрати се кај моменталниот регистрар, за да го обезбедат истиот)
  3. Да го потврдиш трансферот на доменот, односно да имаш пристап до емаилот кој е оставен како административен контакт (се праќа емаил порака од МКхост која треба да биде потврдена за  трансферот успешно да се изврши)

Трансферот на интернационален домен трае од 7-10 дена. 

Додека трансферот не биде завршен, доменот стои кај стариот регистрар и од таму може да управуваш со истиот.
Потребно е трансферот да започне минимум 10 дена пред истек на доменот. Не може да се направи трансфер на истечен домен или домен кој истекува во наредните 10 дена.
Со трансфер на интернационален домен следува и обнова на доменот. Затоа, оваа услуга се наплаќа по цена за обнова на интернационален домен.