Со цел зголемување на безбедноста на акаунтите на крајните клиенти МКхост воведе опција за овозможување на двојна автентикација(2FA) при најава на корисничките акаунти.
При наредна најава на МКхост корисничкиот портал веднаш ќе бидеш насочен да ја овозможиш 2FA опцијата и да го направиш твојот акаунт побезбеден
Со овозможување на оваа опција во иднина при секоја најава на корисничкиот портал освен емаил и лозинка за најава ќе треба да се внесе и уникатниот код.

Инстуркции за прво подесување на 2FA
*Кодот во СМС пораката е валиден 5 минути. Доколку не добиеш код пробај да испратиш код повторно или контактирај поддршка.
Доколку при прва најава не се сетирал 2FA истото може да се направи после најава во корисничката сметка со твојот емаил и лозинка.
1. Инструкции за сетирање на 2FA преку корисничка сметка:
*Кодот во СМС пораката е валиден 5 минути. Доколку не добиеш код пробај да испратиш код повторно или контактирај поддршка.
Доколку во иднина сакаш или имаш потреба можеш да го промениш телефонскиот број кој е поврзан со 2FA.
Инструкции за промена на број на 2FA
*Кодот во СМС пораката е валиден 5 минути. Доколку не добиеш код пробај да испратиш код повторно или контактирај поддршка.
2. 2FA со Google Authenticator
Откако ќе се најавиш на корисничката сметка на Мкхост кликни на опцијата Google Authenticator и потоа соодветно преземи ја апликацијата.
Доколку веќе ја користиш оваа апликација кликни на Продолжи.

Преку апликацијата скенирај го прикажаниот QR код.
За да се потврди поврзувањето со Google Authenticator треба да го внесеш 6-цифрениот код генериран од твојата Google Authenticator апликација.

Потоа кликни на Верифицирај и при секоја следна најава освен емаил и лозинка ќе биде потребно да го внесеш и 6-цифрениот код од Google Authenticator апликација.
3. 2FA со Microsoft Authenticator
Откако ќе се најавиш на корисничката сметка на Мкхост кликни на опцијата Microsoft Authenticator и потоа соодветно преземи ја апликацијата.
Доколку веќе ја користиш оваа апликација кликни на Продолжи.

Преку апликацијата скенирај го прикажаниот QR код.
За да се потврди поврзувањето со Microsoft Authenticator треба да го внесеш 6-цифрениот код генериран од твојата Microsoft Authenticator апликација.

Потоа кликни на Верифицирај и при секоја следна најава освен емаил и лозинка ќе биде потребно да го внесеш и 6-цифрениот код од Microsoft Authenticator апликација
Вебстраната МКхост користи колачиња.
Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.