Како да промениш лозинка на твојот кориснички профил кога не знаеш која е моменталната лозинка ?
За да промениш лозинка на твојот кориснички профил отвори го овој линк - portal.mkhost.com и кликни на Заборавена лозинка
Внеси ја твојата емаил адреса со која имаш креирано кориснички профил во МКхост и кликни на Ресетирај лозинка
На емеил ќе добиеш инструкции кои треба да ги следиш за да ја промениш лозинката за најава.
Кога ќе добиеш емаил од noreply@mkhost.com кликни на копчето Ресетирај Лозинка во емаилот. Со кликање на копчето ќе се отвори нов прозорец на твојот пребарувач каде што треба да ја внесеш новата лозинка и кликни на Зачувај и Продолжи
Со ова твојата лозинка ќе биде променета и со истата ќе може да се најавиш на твојот кориснички профил.
Како да промениш лозинка на твојот кориснички профил доколку веќе си најавен со старата лозинка ?
Доколку си најавен на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com во Мени кликни на Моја Сметка и избери Безбедност. Пополни ги празните полиња со тековна лозинка, нова лозинка и потврда на новата лозинка како што е прикажано на сликата подолу. На крај кликни на Промени лозинка и со тоа твојата лозинка ќе биде променета.