МКхост
голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично.

15Домени

Промена на податоци на домен и промена на сопственост (регистрант)

1. Промена на одредени податоци на домен

Доколку сакате да направите промена само на одредени податоци на регистрантот (е-маил адреса, седиште, телефонски број) или на  административен и технички контакт на доменот (име и презиме, е-маил адреса, седиште, телефонски број), потребно е:

  1. Да го преземете и пополните барањето кое може да го најдете [тука].

  2. Да го означите полето „Промена на податоци за доменот“.

  3. Да ги пополните празните полиња со точни податоци.

  4. Да го доставите барањето на еден од начините објаснети подолу. - Методи на доставување на барањето

2.Промена на сопственост на домен (промена на регистрант)

За да се изврши промена на сопственост на домен (регистрант)  потребно е да ни испратите две барања:

  1. Едно барање со податоци од моменталниот сопственик  (регистрант).

  2. Едно барање со податоци од новиот сопственик (регистрант).

Барањата можете да ги преземете и пополните од [тука].

На барањето задолжително означете го полето за „Промена на регистрант“

Откако ќе ги добиеме валидни барањата, сопственоста на доменот ќе биде променета, а вие веднаш ќе бидете известени по е-маил.

Важно:Промена на сопственост и промена на одредени податоци на доменот не се наплаќа. Новиот регистрант ќе биде одговорен за правата на доменот и обнова на истиот во иднина.

3.Методи на доставување на барањето

3.1 Дигитално потпишување со КИБС, Телеком и Евротраст 

Барањето може да се потпише дигитално со валиден електронски потпис издаден од:

  • КИБС

  • Телеком

  • Евротраст

Оваа опција е достапна и за правни субјекти и за физички лица.Ако не поседувате дигитален потпис од КИБС или Телеком, можете да користите бесплатен потпис преку апликацијата Евротраст. Потребно е:

  1. Да ја преземете апликацијата „Евротраст“ на вашиот уред.

  2. Да се регистрирате во апликацијата.

Дигитално потпишано барањето доставете го на domains@mkhost.com.mk

  • За правни субјекти – барањето мора да биде потпишано од овластено лице, согласно тековната состојба на компанијата.

  • За физички лица – барањето мора лично да биде потпишано од сопственикот на доменот.

 

3.2 Лично доставување

Барањето може да се достави лично на една од нашите локации. Оваа опција е достапна и за правни субјекти и за физички лица.

  • Карпош (кај студентскиот дом „Гоце Делчев“)

  • Кисела Вода (ул. Борис Трајковски бр. 1 – Рампа)

  • Центар (кај ЗОИЛ)

  • Аеродром (кај Капитол Мол)

Контакт информации можете да побарате од корисничка поддршка, пишете ни на domains@mkhost.com.mk

Важно: Доколку регистрант на доменот е физичко лице барањето мора да е доставено од лицето регистрант-сопственик на доменот лично со личен документ на увид.

 

3.3 Доставување преку курирска служба (Карго)

Оваа опција е достапна само за правни субјекти.

  1. Испечатете го и потпишете барањето.Барањето мора да биде потпишано од овластено лице, согласно тековната состојба на компанијата

  2. Пред да го испратите, пишете ни на domains@mkhost.com.mk за да ви ги доставиме точните адресни податоци и телефон за контакт.

  3. Заедно со барањето, задолжително доставете и тековна состојба не постара од 6 месеци.

Cookie Icon

Вебстраната МКхост користи колачиња.

Колачињата овозможуваат да го прилагодиме корисничкото искуство кон твоите потреби.