Агент за корисничка поддршка

Оглас за работа во МКхост (Агент за корисничка поддршка)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост, објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата customer support (агент за корисничка поддршка) .

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Обезбедување на професионална поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system) со квалитетно знаење и насоки за разрешвуање на клиентското барање

Управување со поголем број на телефонски повици и тикети дневно

Управување со поплаки од страна на клиентите, давање соодветни решенија и алтернативи во точни временски рокови, како и следење до разрешување на проблемот

Следење на комуникациските процедури, упатства за работа и комуникација како и политики на компанијата

Генерирање на sales lead при контакт со клиентите. Нудење нови дополнителни услуги во зависност од барањето на клиентот

Работа со цел исполнување на целите за продажба на тимот. Контакт на нови клиенти за презентација на услуги или контакт на моментални клиенти за нова услуга

Брза и ефикасна тимска/корисничка комуникација

Поврзување со клиентот на професонално ниво и ефикасно разрешување на неговите проблеми со следење до разрешување со цел градење на доверба кај клиентите

Динамично учење и прибирање детални информации за компаниските услуги и сервиси кои се нудат, најчести проблеми со кои се соочуваат клиентите, компаниските процедури

Смиреност во работа и комуникација со клиенти при активен инцидент

Потребни квалификации и вештини

Силни комуникациски вештини, вклучувајќи активно слушање, создавање доверба кај клиентите, смиреност и ефикасно и квалитетно одговарање на клиентските барања

Работа самостојно и во тим

Познавање и/или работно искуство со домени и domain name system

Познавање и/или работно искуство со хостинг и сервери или искуство со хостирање на веб сајт/маил-ови

Познавање и/или работно искуство со серверска инфраструктура базирана на Linux/Windows оперативни системи.

Што би те издвоило?

Одредено искуство во веб хостнг индустријата (познавање и работа во најкористените светки платформи cPanel/Plesk)

Одредено искуство во продажба на веб услуги

Познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн

Снаодливост и способност за надминување на инфраструктурни проблеми

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работната позиција е целосно remote односно е работа од дома со работно време од 08:00 до 16:00 Вработениот добива службен телефон и службен компјутер за работа. Секојдневна комуникацијата со тимот со алатки за remote комуникација.

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Агент за корисничка поддшка“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 30.10.2024. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.