Систем администратор

Оглас за работа во МКхост (Систем администратор)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост, објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата систем администратор.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Управување, мониторирање, надоградување и контрола врз безбедноста на Linux системите.

Изведување на редовни операции поврзани со Backup решенија и спроведување на соодветни процеси за заштита на податоците.

Надминување на разни предизвици поврзани со инфраструктурата и услугите на корисниците на МКхост.

Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system).

Автоматизација на процеси на инфраструктурно ниво.

Менаџирање и справување со серверски инциденти.

Брза и ефикасна тимска/корисничка комуникација.

Потребни квалификации и вештини

Работно искуство со серверска инфраструктура базирана на Linux/Windows оперативни системи.

Солидно познавање на работа во терминал.

Солидно познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн.

Работа со Domain Name System-и (DNS).

Искуство со автоматизација на процеси.

Познавање или работно искуство со AWS cloud сервиси (EC/Load Balancing/ Elastic IP/Snapshot).

Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal)

Што би те издвоило?

Одредено искуство во веб хостнг индустријата (познавање и работа во најкористените светки платформи cPanel/Plesk).

Способност за создавање на скрипти (Bash/Python/Ruby).

Искуство со автоматизација на серверска инфраструктура (Ansible/Puppet).

Познавање на CI/CD pipeline интеграции.

Искуство со алатки за log management и инфраструктурно мониторирање.

Работно искуство и познавање на Cloud сервиси (AWS).

Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата.

Снаодливост и способност за надминување на инфраструктурни проблеми.

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00 и од 14:00-22:00

Во моментов поради Корона криза работата се одвива од дома.

Канцелариите се наоѓаат во Capitol Mall & Residence

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Систем администратор“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 25.12.2020. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.