Систем администратор

Оглас за работа во МКхост (Систем администратор)

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост, објавува отворен конкурс за вработување, за позицијата систем администратор.

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

Управување, мониторинг, upgrade и контрола врз безбедноста на Linux системите

Изведување на редовни операции поврзани со Backup решенија и спроведување на соодветни процеси за заштита на податоците

Надминување на разни предизвици поврзани со инфраструктурата и услугите на корисниците на МКхост

Обезбедување на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system)

Автоматизација на процеси на инфраструктурно ниво

Менаџирање и справување со серверски инциденти

Брза и ефикасна тимска/корисничка комуникација

Потребни квалификации и вештини

Работно искуство со серверска инфраструктура базирана на Linux/Windows оперативни системи

Солидно познавање на работа во терминал

Солидно познавање на функционирањето на сервисите HTTP, DNS, MySQL, SSH, IMAP итн.

Работа со Domain Name System-и (DNS)

Искуство со автоматизација на процеси

Познавање или работно искуство со AWS cloud сервиси (EC/Load Balancing/Elastic IP/Snapshot)

Инсталација и конфигурација на CMS системи (WordPress, Joomla, Drupal)

Што би те издвоило?

Одредено искуство во веб хостинг индустријата (познавање и работа во најкористените светски платформи како cPanel/Plesk)

Способност за создавање на скрипти (Bash/Python/Ruby)

Искуство со автоматизација на серверска инфраструктура (Ansible/Puppet)

Познавање на CI/CD pipeline интеграции

Искуство со алатки за log management и инфраструктурно мониторирање

Работно искуство и познавање на Cloud сервиси (AWS)

Самоиницијативност, желба за учење и проактивност во работата

Снаодливост и способност за надминување на инфраструктурни проблеми

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука!

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:00-16:00 и од 14:00-22:00

Во моментов поради Корона криза работата се одвива од дома.

Канцелариите се наоѓаат во Capitol Mall & Residence

Како да аплицирам?

Испрати го твоето CV со назнака во наслов „Систем администратор“ на jobs@mkhost.com.mk најдоцна до 20.07.2021. Доколку имаш дополнителни прашања обрати ни се на Facebook или пиши ни.