МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
0cPanel

MKhost Premium ИНСТАЛАЦИЈА НА ТЕМПЛЕЈТ

По закуп на некој од MKhost Premium пакетите (Star, Triangle или Diamond), може уште веднаш да преминеш на креирање на твојот совршен сајт.
Со самото активирање на услугите, ќе добиеш емаил каде ќе ги имаш сите податоци кои се потребни за најава на твојот хостинг.Чекори за инсталација на темплејт и креирање на твојот веб сајтНајави се на твојот cPanel акаунт со соодветно корисничко име и лозинка и во делотDomainsкликни наSite Publishersite publisher

Во новоотворениот прозорец избери го доменот за кој ќе го креираш веб сајтот, односно ќе го инсталираш темплејтот.Исти или различни темплејти може да користиш за сите домени поставени на хостингот.

mkhost premium domain

Во наредниот дел има детален приказ на сите темплејти кои во моментов се нудат. Најпрво се наоѓаат специјално дизајнираните темплејти на МКхост, а подолу и дифолтните теми на cPanel.

Специјално дизајнираните темплејти на МКхост се респонсивни и дизајнирани за твои специфични потреби.Исто така, детално се објаснети сите полиња и копчиња кои треба да се пополнат, со цел успешна инсталација на темплејтот, а со тоа и успешно креирање на твојот веб сајт. Во овој дел ќе биде потребно да го одбереш темплејтот кој сакаш да го инсталираш.

mkhost premium template

По избор на посакуваниот темплејт, последниот чекор е пополнување на твојот веб сајт со соодветната содржина.

Полињата кои треба да се пополнат се детално објаснети. Потребно е да внесеш име на твојот веб сајт, лого на твојата компнија, а потоа во зависност од темплејтот, да пополниш мени и соодветни параграфи, како и upload на слики.

mkhost premium-podatoci

За поставување на слики на твојот веб сајт процедурата е следна.

  • Отвори го твојот cPanel
  • Во делотFilesизбери ја иконатаFile Managerfile manager
  • Избериpublic_html.Целта е сликите да ги аплоадираш во фолдеротimagesкој се наоѓа воpublic_htmlдиректориумот -assets.Од таму, кликни наUploadи избери ги сликите кои сакаш да ги поставиш на твојот веб сајт.mkhost premium public_html
Откако истите ќе бидат успешно аплоадирани, ќе биде потребно во делот на внесување на слики наSite Publisherда го внесеш линкот на секоја слика одделно.Линкот на сликата е: http://imeto-na-tvojot-domen/images/imeto-na-prikacenata-slika.png (НАПОМЕНА: сите слики мора да се .png формат)Доколку сликата веќе ја имаш на Интернет нема потреба истата да ја симнуваш локално на твојот компјутер, а потоа сооодветно да ја поставуваш на хостингот. Потребна ќе ти биде само адресата на сликата, односно линкот до сликатаОткако ќе ги пополниш сите полиња кои сакаш да стојат на твојот веб сајт, кликни наPublish.Со тоа, твојот сајт ќе биде креиран.Доколку имаш било какви прашања или потешкотии при инсталација погледни го и нашиот видео туторијал, контактирај не на 02 2779 444 или на info@mkhost.com