Политиката за приватност
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ДРУШТВОTO ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МКХОСТ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ .
Нашата визија за заштита на личните податоци
Ви благодариме што покажавте интерес за веб страницата на Друштвото за производство, трговија и услуги МКХОСТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: МКХОСТ ) .
МКХОСТ како контролор на лични податоци посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба. Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност .
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да нарачате еден од пакетите кои ги нудиме или да не контактирате или да Ви испраќаме билтен на Вашата електронска адреса преку кој ќе Ве информираме за понудата на нашите услуги и производи и промотивните активности, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21) .
Со оваа Политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци .
МКХОСТ, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница .
Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет .
Дефиниции
Назив и адреса на контролорот
Офицер за заштита на личните податоци
Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
Правна основа и цели за обработка Вашите лични податоци
Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
Колачиња (Cookies)
Собирање на општи податоци и информации
Заштита на личните податоци при користење на Facebook
Заштита на личните податоци при користење на Instagram
Заштита на личните податоци при користење на Linkedin
Заштита на личните податоци при користење на YouTube
Одредби за заштита на податоците за употреба на Twitter
Заштита на личните податоци при користење na Google Analytics
Дали вршиме пренос на лични податоци?
Споделување на лични податоци со трети страни
Во кој рок ги чуваме личните податоци?
Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон
Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?
Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Услови за користење
Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на info@mkhost.com.mk .
Краток опис на условите
1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање
2. Услугите на МКХост не смеат да се користат за нелегална трговија, вклучувајќи продавање, купување, понудување или изнудување на било какви нелегални добра или услуги, како и за активности поврзани со пиратерија, илегални субстанци, оружје, онлајн коцкање, обложување, gambling активности, gaming платформи со парични или други материјални добивки, како и било какви други активности што се спротивни на важечките закони и прописи. .
3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони .
4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен .
5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на МКХост .
6. Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на МКХост, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица - администратори на МКХост или пак надлежни лица од Владини институции .
7. МКХост го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги .
8. Клиентите на МКХост се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема МКхост .
9. Работното време на МКхост е од понеделник до петок од 08:00 до 20:00. Во овие термини, нашиот тим за поддршка е постојано достапен за комуникација преку нашиот централен телефонски број, како и останати канали (социјални мрежи, емаил и тикети).
Во останатиот период, за секое прашање, сме достапни преку тикети кои ги одговараме во првиот достапен термин од страна на нашиот тим. Во случај за било каков приоритетен серверски проблем (пад на сервер или сервис) од страна на МКхост, нашата дежурна екипа ќе изреагира веднаш .
Детален опис на условите
1. МКхост го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на МКХост се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови .
2. МКхост има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на МКХост или пак постоечките закони. МКхост исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате МКхост за одговорен .
3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на МКхост доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го известите МКхост .
4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на МКхост по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите администраторите на МКхост support@mkhost.com.mk доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка .
5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња, веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор со МКхост за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот .
6. МКхост се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите. МКхост не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување .
7. Вие како клиент на МКхост услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на МКхост нема да вршите никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства .
8. Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на МКхост, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате .
9. МКхост исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на МКхост за да дозволат пристап до нелегални содржини .
10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, МКхост или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на МКхост, останатите клиенти на МКхост и сите инволвирани страни .
11. Доколку услугите на МКхост се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката .
12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на МКхост, клиентите или пак останати лица и организации .
13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до овластени и доверливи делови на останати корисници на МКхост или на МКхост .
14. Вие, со користење на услугите на МКхост, се согласувате да објавувате содржини кои нема да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи .
15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од МКхост нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Вие исто така се обврзувате дека IRC услугите ги користите според правилата дадени при првичната регистрација за користење .
16. МКхост го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење .
17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на МКхост за лажни и измамнички активности .
18. МКхост со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка и техничка поддршка 24 часа во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на МКхост и МКХост не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно .
19. Користењето на хостинг услугите на МКхост за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните МКхост сервери и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа .
20. Со користење на услугите на МКхост, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, МКхост не е одговорен во ниеден случај .
21. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на МКХост, доколку сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, МКхост без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови, веб страни и др .
22. За било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, МКхост не презема никаква одговорност .
23. При закупување на хостинг услуги од МКхост се согласувате на создавање и чување на податоците на надворешен сервер. МКхост ќе зачува три (3) backup-и од вашите хостинг податоци во период од една година. Сите хостинг податоци се пребришуваат 365 дена од денот на нивно создавање .
24. МКхост не гарантира дека вашата содржина ќе биде вратена во првобитна состојба при случај на неавторизиран пристап (правење на промени во целост или на дел од содржините), човечка грешка (ненамерно бришење на податоците од сајтот) или настаната хаварија (откажување на одреден софтвер или хардвер на серверите на МКхост што би предизвикало губење на податоците - дел или во целост) .
25. По барање на клиентот, МКхост ќе овозможи услуга: враќање на податоци од надворешен сервер по цена од 1990 денари + 18%. МКхост не ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци .
26. Во случај на терминирање на хостинг услугите поради неплатен долг, доколку клиентот сака да ги преземе неговите податоци без реактивација на услугата, должен е да плати 990 денари + 18% ДДВ до 10 дена од терминирањето. По истекот на тие 10 дена, цената за истата услуга ќе изнесува 1990 денари + 18% ДДВ. Со плаќање на оваа сума, клиентот ќе добие копија од неговите податоци на терминираниот хостинг. МКхост нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци .
27. Во случај на подмирување на сите неплатени долгови во рок од 10 дена од страна на клиент со терминирани хостинг услуги, и доколку клиентот сака да продолжи со обновување на услугата, МКхост по потреба на клиентот ќе изврши враќање на податоци од локален сервер и за истата услуга еднократно ќе наплати 990 денари + 18% ДДВ. Доколку се изминати повеќе од 10 дена од терминирање на хостингот, цената за враќање на податоци од надворешен сервер ќе изнесува 1990 денари + 18% ДДВ. МКхост нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци .
28. МКхост овозможува селективно враќање на одредени фајлови од локален backup и истата услуга се наплаќа еднократно и чини 990 денари + 18% ДДВ .
29. МКхост гарантира две бесплатни враќање на целосен backup од локален сервер годишно, а секој нареден пат оваа услуга МКхост еднократно ќе ја наплати 990 денари + 18% ДДВ .
30. Попусти за купување/обнова на одредена услуга не можат да се комбинираат. Доколку потенцијалниот клиент има во еден момент достапно повеќе можности за намалување (купон за попуст, постоечка промоција од страна на МКхост и слично), може да се избере само едната .
31. Доколку хостингот за било кој пакет е закупен на месечно ниво, миграцијата на хостингот (од друг хостинг провајдер во МКхост, или од еден пакет на МКхост во друг пакет закупен во МКхост) се наплаќа 990 денари + ДДВ еднократно. Дополнителна поддршка која не е поврзана со серверски проблем се наплаќа 990 денари + ДДВ .
32. Максималниот број на маил-ови испратени од домен во рамките на 1 час со закупена услуга во МКхост е 250 пораки. Сите пораки испратени над оваа бројка нема да бидат испратени и ќе бидат во ред на чекање. Исто така доколку 40% од пораките кои што ги испраќате се невалидни и истите се враќаат назад или се одбиени од емаил серверите каде се обидувате да ги испратите постои заштита на серверско ниво за секој акаунт и овој лимит се ресетира на секој час. Сите пораки испратени над овој лимит нема да бидат успешно испратени .
За било какви прашања и информации во врска со условите за користење или услугите на МКХост, контактирајте нѐ .
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА EMAIL HOSTING УСЛУГАТА
Член 1 – Предмет и опсег
1.1. Овие Посебни услови за користење на Email Hosting услугата („Посебни услови“) ги уредуваат правата и обврските на МКхост (МКхост“) и корисникот („Корисник“) во врска со користењето на услугата Email Hosting.
1.2. Email Hosting претставува услуга со која МКхост обезбедува техничка инфраструктура за прием, испраќање, складирање и користење на електронска пошта преку сопствен домен на Корисникот, согласно избраниот пакет и техничките карактеристики на услугата.
1.3. За сите прашања кои не се посебно уредени со овие Посебни услови, се применуваат Општите услови за користење на услугите на МКхост, Политиката за приватност и останатите применливи правила и услови објавени од МКхост.
1.4. Со нарачување, активирање или користење на Email Hosting услугата, Корисникот потврдува дека ги прифаќа овие Посебни услови и се обврзува да ги почитува.
Член 2 – Активирање и користење на услугата
2.1. Email Hosting услугата се активира по успешно креирање на нарачката и исполнување на условите за активирање и плаќање, согласно избраниот пакет.
2.2. Обемот и техничките карактеристики на услугата зависат од избраниот пакет и може да вклучуваат ограничувања во однос на бројот на email адреси, расположливиот простор, начинот на пристап, протоколи и други технички параметри.
2.3. Корисникот е должен услугата да ја користи во согласност со:
- 2.3.1. овие Посебни услови;
- 2.3.2. Општите услови на МКхост;
- 2.3.3. применливите закони и прописи;
- 2.3.4. правилата и техничките стандарди кои се однесуваат на електронската комуникација и испраќањето електронска пошта;
- 2.3.5. правата на трети лица.
2.4. Корисникот е одговорен за сите активности извршени преку неговите email адреси, кориснички профили и други пристапни податоци, освен доколку докаже дека активностите биле извршени без негова вина и без можност разумно да ги спречи.
Член 3 – Одговорност на Корисникот
3.1. Корисникот е одговорен за содржината на електронските пораки испратени преку неговата Email Hosting услуга.
3.2. Корисникот е одговорен за законитоста на начинот на кој ги прибира, чува и користи email адресите на примателите до кои испраќа електронски пораки.
3.3. Корисникот е должен да ги почитува сите применливи правила во врска со испраќање комерцијални, маркетинг и други видови електронски пораки, вклучително и правилата кои се однесуваат на согласност, директен маркетинг, заштита на личните податоци и можност за откажување од понатамошно примање пораки.
3.4. Корисникот е должен да ги чува своите лозинки и други пристапни податоци во тајност и да преземе разумни мерки за спречување неовластен пристап до email сметките.
3.5. Доколку Корисникот се сомнева дека email сметка е компромитирана или дека трето лице добило неовластен пристап, должен е без одлагање да ја промени лозинката и, доколку е потребно, да го извести МКхост.
Член 4 – Забрането користење на Email Hosting услугата
4.1. Забрането е користење на Email Hosting услугата на начин кој е спротивен на закон, овие Посебни услови, Општите услови на МКхост или правата на трети лица.
4.2. Особено е забрането користење на услугата за:
- 4.2.1. испраќање Spam, Junk Mail или други несакани електронски пораки;
- 4.2.2. испраќање масовни или автоматизирани електронски пораки без соодветна правна основа или спротивно на применливите правила;
- 4.2.3. испраќање phishing пораки или пораки со цел измама, лажно претставување или стекнување неовластен пристап до податоци;
- 4.2.4. malware, вируси, тројанци, ransomware или друг злонамерен код;
- 4.2.5. spoofing, impersonation или друго лажно претставување на идентитетот на испраќачот;
- 4.2.6. измама, неовластено собирање податоци, кражба на идентитет или други незаконски активности;
- 4.2.7. испраќање пораки со содржина која е незаконска или со која се повредуваат права на трети лица;
- 4.2.8. користење на компромитирани или украдени email адреси, кориснички профили или лозинки;
- 4.2.9. намерно испраќање пораки на начин кој може да предизвика нарушување на репутацијата на IP адресите, домените или email инфраструктурата на МКхост;
- 4.2.10. намерно заобиколување на системите за spam, abuse, security или rate limiting заштита;
- 4.2.11. користење на услугата за активности кои може да предизвикаат прекин, забавување или нарушување на услугата за други корисници;
- 4.2.12. користење на услугата за активности кои можат да доведат до блокирање или ставање на IP адреси, домени или email инфраструктурата на МКхостна blocklist или blacklist;
- 4.2.13. други активности кои, според разумна проценка на МКхост, претставуваат злоупотреба на Email Hosting услугата или создаваат значителен безбедносен, технички или репутациски ризик.
Член 5 – Spam и масовно испраќање електронска пошта
5.1. Корисникот не смее да ја користи Email Hosting услугата за испраќање Spam или несакани масовни електронски пораки.
5.2. Корисникот е должен да обезбеди дека листите на приматели кои ги користи за маркетинг или други масовни испраќања се прибавени и се користат во согласност со применливите закони и прописи.
5.3. Корисникот не смее да користи купени, украдени или незаконски прибавени листи на email адреси на начин кој е спротивен на применливите правила.
5.4. МКхост може да применува технички ограничувања за бројот, фреквенцијата или обемот на испратени пораки со цел заштита на својата инфраструктура, другите корисници и репутацијата на email системите.
5.5. Комерцијалното или маркетинг испраќање на електронски пораки преку Email Hosting услугата не го ослободува Корисникот од обврската да ги исполнува сите законски услови за таквото испраќање.
Член 6 – Phishing, malware и други безбедносни злоупотреби
6.1. Строго е забрането користење на Email Hosting услугата за phishing, malware distribution, измама, impersonation, spoofing или други активности насочени кон измама, оштетување или неовластено стекнување пристап до податоци или системи.
6.2. МКхост може да користи автоматизирани и други технички механизми за откривање и спречување на spam, phishing, malware, компромитирани сметки и други безбедносни закани.
6.3. Доколку постои основано сомневање дека email сметка е компромитирана или се користи за злоупотреба, МКхост може да преземе мерки за заштита на инфраструктурата, вклучително и привремено ограничување или суспендирање на испраќањето пораки.
Член 7 – Abuse пријави и постапување по злоупотреби
7.1. МКхост може да прими пријави за злоупотреба од корисници, други даватели на услуги, email оператори, безбедносни организации, надлежни органи или други трети лица.
7.2. Abuse пријавата може да се однесува, но не е ограничена на:
- 7.2.1. Spam;
- 7.2.2. phishing;
- 7.2.3. malware;
- 7.2.4. spoofing;
- 7.2.5. fraud;
- 7.2.6. компромитирана email сметка;
- 7.2.7. неовластено масовно испраќање;
- 7.2.8. злоупотреба на инфраструктурата.
7.3. По прием на пријава, МКхост може да спроведе разумна техничка проверка со цел да утврди дали постои злоупотреба или безбедносен ризик.
7.4. Корисникот е должен да соработува со МКхост при истрага на пријавена злоупотреба и, кога е разумно побарано, да преземе мерки за отстранување на причината за злоупотребата.
7.5. МКхост може да преземе итни мерки и без претходно известување доколку постои разумно сомневање дека одложувањето би можело да предизвика штета, продолжување на злоупотребата, безбедносен инцидент или негативно влијание врз други корисници или инфраструктурата на МКхост.
Член 8 – Суспензија и ограничување на услугата
8.1. МКхост има право привремено да ја ограничи или суспендира Email Hosting услугата, целосно или делумно, доколку:
- 8.1.1. Корисникот ја користи услугата спротивно на овие Посебни услови или Општите услови;
- 8.1.2. постои сомневање за Spam, phishing, malware, fraud или друга злоупотреба;
- 8.1.3. email сметката е компромитирана или постои ризик од неовластено користење;
- 8.1.4. постои сериозна abuse пријава која укажува на можна злоупотреба;
- 8.1.5. активностите на Корисникот создаваат значителен ризик за инфраструктурата, другите корисници или репутацијата на МКхост;
- 8.1.6. Корисникот не ја плати услугата во рокот предвиден за плаќање;
- 8.1.7. суспензијата е неопходна заради исполнување на законска обврска или барање од надлежен орган.
8.2. Во случаи кога околностите дозволуваат, МКхост ќе го извести Корисникот за причината за суспензијата и, доколку е применливо, ќе укаже на мерките потребни за повторно активирање на услугата.
8.3. Во случаи на сериозен безбедносен инцидент, phishing, malware, масовен Spam или друга активност која може да предизвика непосредна штета, МКхост може да ја суспендира услугата без претходно известување.
8.4. Ограничувањето или суспензијата на услугата не го ослободува Корисникот од обврските за плаќање кои произлегуваат од веќе активираниот период на услугата, освен доколку поинаку е утврдено со применливите услови или закон.
8.5. МКхост може да ја реактивира услугата откако ќе утврди дека причината за суспензијата е отстранета и дека повторното активирање не создава неприфатлив ризик.
Член 9 – Трајно прекинување на услугата поради злоупотреба
9.1. МКхост има право трајно да ја прекине Email Hosting услугата и/или да го раскине договорот доколку Корисникот:
- 9.1.1. сериозно или повторно ги прекршува овие Посебни услови;
- 9.1.2. продолжи со злоупотребата и покрај претходно предупредување или суспензија;
- 9.1.3. користи phishing, malware, fraud или други сериозни злоупотреби;
- 9.1.4. намерно презема активности кои предизвикуваат значителна штета на МКхост, неговите корисници или трети лица;
- 9.1.5. користи украдени или неовластено стекнати пристапни податоци;
- 9.1.6. не ги отстрани причините за суспензијата во разумен рок кога тоа е услов за реактивација.
9.2. Во случаи на особено сериозна злоупотреба, МКхост може да го прекине договорот без дополнителен рок за отстранување на повредата, во согласност со применливите закони и Општите услови.
Член 10 – Наплата и период на користење
10.1. Email Hosting услугата се нуди со период на користење согласно избраниот пакет и условите прикажани во моментот на нарачката.
10.2. За пакетите со месечна наплата, услугата се активира за период од еден месец и може да се обновува за последователни месечни периоди, согласно условите на избраниот пакет.
10.3. За секој нареден период на користење на услугата може автоматски да се генерира профактура за обновување, согласно поставките и системот за наплата на МКхост.
10.4. Автоматското генерирање на профактура не претставува автоматско задолжување или наплата од платежната картичка на Корисникот, освен доколку Корисникот претходно активирал автоматско плаќање и доколку таквата опција е достапна за конкретната услуга.
10.5. Доколку Корисникот има активирано автоматско плаќање, плаќањето за наредниот период може да се изврши согласно избраниот начин на плаќање и условите прикажани во МКхост порталот.
10.6. Доколку профактурата не биде платена во предвидениот рок, МКхост може да ја суспендира услугата согласно Општите услови и овие Посебни услови.
10.7. МКхост може да испраќа известувања поврзани со обновување, плаќање, истекување и суспензија на услугата преку email адресите и контакт информациите внесени во корисничкиот профил.
Член 11 – Суспензија поради неплаќање
11.1. Доколку Корисникот не ја подмири доспеаната обврска за Email Hosting услугата во предвидениот рок, МКхост има право да ја суспендира услугата.
11.2. По суспензијата поради неплаќање, Корисникот може да побара повторно активирање на услугата со подмирување на доспеаните обврски, доколку услугата и податоците сè уште се достапни во системите на МКхост.
11.3. Доколку обврската не биде подмирена во рокот утврден со Општите услови или со известувањето за суспензија, МКхост може трајно да ја прекине услугата и да ги избрише податоците поврзани со услугата, согласно роковите и постапката утврдени со Општите услови и применливите закони.
Член 12 – Чување и бришење на email податоците
12.1. Email пораките, прилозите и останатите податоци поврзани со mailbox-ите на Корисникот се чуваат во рамките на расположливиот простор и техничките ограничувања на избраниот пакет.
12.2. Корисникот е одговорен за навремено обезбедување сопствена копија од податоците кои му се потребни, освен доколку со посебен договор е предвидена backup услуга или друга обврска на МКхост.
12.3. Суспензијата на услугата не значи автоматско бришење на податоците, освен во случаи кога бришењето е неопходно заради безбедност, законска обврска или други оправдани причини.
12.4. По трајното прекинување на услугата, податоците поврзани со Email Hosting услугата може да бидат избришани по истекот на рокот за чување определен во Општите услови, договорот или известувањето за прекинување.
12.5. По истекот на применливиот рок за чување и бришење на податоците, МКхост не гарантира можност за нивно враќање или обновување.
Член 13 – DNS конфигурација и одговорност на Корисникот
13.1. За правилно функционирање на Email Hosting услугата може да биде потребно правилно конфигурирање на DNS записите на доменот.
13.2. Корисникот е одговорен за точноста на DNS конфигурацијата доколку DNS зоната на доменот не се управува преку инфраструктурата на МКхост или доколку Корисникот самостојно врши промени во DNS записите.
13.3. МКхост може да обезбеди автоматска конфигурација на потребните DNS записи доколку таквата функционалност е достапна за конкретниот домен и конфигурација.
13.4. Неправилна DNS конфигурација, промени направени од Корисникот или од друг давател на услуги може да предизвикаат прекин или неправилно функционирање на Email Hosting услугата.
Член 14 – Технички ограничувања и заштитни мерки
14.1. МКхост има право да применува технички ограничувања, rate limits, spam filters, malware scanning, блокирање на одредени активности и други безбедносни механизми со цел заштита на Email Hosting инфраструктурата.
14.2. Овие механизми може да резултираат со одбивање, одложување, ограничување или блокирање на одредени пораки доколку системите ги идентификуваат како потенцијално несакани, злонамерни или небезбедни.
14.3. МКхост не гарантира дека секоја испратена порака ќе биде доставена до inbox на примачот, бидејќи доставувањето зависи и од системите, политиките, филтрите и reputation механизмите на примачот и други трети страни.
Член 15 – Одговорност и ограничување на одговорноста
15.1. Корисникот е единствено одговорен за законитоста на содржината и начинот на користење на Email Hosting услугата.
15.2. Корисникот се обврзува да го обештети МКхост за штета, трошоци, побарувања или постапки од трети лица кои произлегуваат од незаконско или недозволено користење на Email Hosting услугата од страна на Корисникот, во обем дозволен со применливото право.
15.3. МКхост не одговара за прекини, одложувања или неиспорака на електронски пораки предизвикани од:
- 15.3.1. неправилна конфигурација од страна на Корисникот;
- 15.3.2. DNS промени;
- 15.3.3. системи и политики на примачите;
- 15.3.4. blocklists/blacklists на трети лица;
- 15.3.5. мрежни прекини надвор од разумната контрола на МКхост;
- 15.3.6. злоупотреба или компромитирање на корисничка сметка поради небезбедно постапување од страна на Корисникот;
- 15.3.7. други околности за кои МКхостне може разумно да одговара.
15.4. Ниту една одредба од овие Посебни услови не ја ограничува одговорноста на МКхоство обем во кој таквото ограничување не е дозволено со применливото право.
Член 16 – Заштита на лични податоци
16.1. Во текот на обезбедувањето на Email Hosting услугата може да се обработуваат лични податоци на Корисникот, корисниците на mailbox-ите и други лица чии податоци се содржани во електронските пораки.
16.2. Обработката на личните податоци се врши согласно применливите прописи за заштита на личните податоци и Политиката за приватност на МКхост.
16.3. Корисникот е одговорен да обезбеди дека има соодветна правна основа за обработката и користењето на личните податоци кои ги внесува, складира или обработува преку Email Hosting услугата, кога тоа е применливо.
16.4. МКхост може да обработува технички податоци, логови и други податоци во обем неопходен за обезбедување, одржување, безбедност, troubleshooting, спречување злоупотреби и заштита на инфраструктурата, согласно применливите прописи и Политиката за приватност.
Член 17 – Измени на услугата и условите
17.1. МКхост го задржува правото да ги менува техничките карактеристики, пакетите, цените и условите за користење на Email Hosting услугата, согласно Општите услови и применливото право.
17.2. За суштински промени кои влијаат врз постоечките корисници, МКхост ќе постапи согласно начинот и роковите за известување предвидени во Општите услови и применливото право.
17.3. Актуелните цени, пакети, технички карактеристики и услови за користење се објавуваат преку официјалните канали на МКхост.
Член 18 – Завршни одредби
18.1. Овие Посебни услови претставуваат составен дел од условите за користење на МКхост Email Hosting услугата.
18.2. Во случај на несогласност помеѓу овие Посебни услови и Општите услови, за прашањата специфични за Email Hosting услугата се применуваат овие Посебни услови, освен доколку со Општите услови или со применливото право е поинаку определено.
18.3. Доколку некоја одредба од овие Посебни услови биде прогласена за ништовна, незаконска или неприменлива, тоа нема да влијае врз важноста на останатите одредби.
18.4. За сите прашања кои не се уредени со овие Посебни услови се применуваат Општите услови на МКхост и применливото право на Република Северна Македонија.
18.5. Овие Посебни услови стапуваат во сила со денот на нивното објавување, освен доколку со одлука на МКхост или со применливото право е определен друг датум.
Услови за користење на AI виртуелен агент
AI агентот не претставува човечки оператор, генерира автоматски одговори и може да содржи неточности или нецелосни информации.
Со започнување на разговорот, корисникот се согласува дека комуникацијата може да биде зачувана и обработувана од страна на компанијата.
Разговорите може да се снимаат, чуваат и анализираат со цел:
- подобрување на квалитетот на одговорите,
- подобрување на услугите и корисничкото искуство,
- интерна анализа и унапредување на AI системот,
- решавање на евентуални спорови или технички проблеми.
Компанијата ќе ги обработува податоците во согласност со важечките закони за заштита на лични податоци и сопствената Политика за приватност.
Компанијата не презема одговорност за директна или индиректна штета, губење на податоци или финансиска штета настаната како резултат на постапување врз основа на автоматски генерирани одговори од AI агентот.
ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ДРУШТВОTO ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МКХОСТ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
- Колачињата за „ време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
- „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:
- Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и
- Колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Друштвоto за производство, трговија и услуги МКХОСТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: МКХОСТ) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.
Што прават колачињата?
Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.
Дали можете да ги избришете колачињата?
Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.
Дали можете да го поставите пребарувачот да ги блокира колачињата?
Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите:
Google Chrome,
Microsoft Edge
, Mozilla Firefox
, Microsoft Internet Explorer,
Opera
, Apple Safari. При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.
Колачиња што ги поставуваме
- Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
- Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате.
- Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.
- Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.
Дел од колачињата што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на МКХОСТ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на МКХОСТ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што е Facebook и Google коj ги поставува колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од МКХОСТ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не МКХОСТ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.
Колачиња кои се користат од страна на МКХОСТ
Неопходни колачиња поставени од трети страни
- AWSALBCORS поставени од zopim.com, регистрира кој сервер-кластер го опслужува посетителот. Се користи во контекст на балансирање на оптоварувањето, со цел да се оптимизира корисничкото искуство. Времетраење 6 дена.
- test_cookie поставени од doubleclick.net, се користи за да се провери дали пребарувачот на корисникот поддржува колачиња. Времетраење 1 ден.
Статистички колачиња поставени од трети страни
- _ga поставено од mkhost.com, Регистрира кој сервер-кластер го опслужува посетителот. Се користи во контекст на балансирање на оптоварувањето, со цел да се оптимизира корисничкото искуство. Времетраење 2 години.
- _ga_# поставено од mkhost.com, го користи Google Analytics за собирање податоци за бројот на посети на веб страницата од страна на корисникот, како и датумите на првата и последната посета. Времетраење 2 години.
- _gat поставено од mkhost.com, го користи Google Analytics за следење на стапката на барања. Времетраење 1 ден.
- _gid поставено од mkhost.com, регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. Времетраење 1 ден.
Маркетинг колачиња поставени од МКХОСТ
-. __zlcmid поставено од mkhost.com, Ја зачувува состојбата на корисничката сесија при испраќање на барање за страницата. Времетраење 1 година.
- _fbp поставено од mkhost.com, facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. Времетраење 3 месеци.
- _gcl_au поставено од mkhost.com, се користи од Google Ad Sense за експериментирање со ефикасноста на рекламирањето преку веб страниците користејќи ги нивните услуги. Времетраење 3 месеци.
Маркетинг колачиња поставени од трети страни
- ads/ga-audiences поставено од google.com Користено од Google Ad Words за повторно привлекување на посетителите кои веројатно ќе станат клиенти судејќи по онлајн однесувањето на посетителот на веб страниците. Времетраење за време на сесијата.
- fr поставено од facebook.com, Facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. Времетрање 3 месеци.
- IDE поставено од doubleclick.net, Користено од Google DoubleClick за регистрација и пријавување на активностите на корисникот на веб страницата по прегледување или doubleclick.net, користено од Google DoubleClick за регистрација и пријавување на активностите на корисникот на веб страницата по прегледување или кликнување на една од рекламите на огласувачот со цел да се измери ефикасноста на рекламата и прикажување на таргетирани реклами на корисникот. Времетраење 1 година.
- pagead/1p-user-list/# поставено од google.com, Следи дали корисникот покажал интерес за специфични производи или настани на повеќе веб страници и открива како корисникот се движи помеѓу страниците. Се користи за мерење на рекламирањето и го олеснува плаќањето на надоместок за упатување помеѓу веб страниците. Времетраење за време на сесијата.
- tr поставено од facebook.com, facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. Времетраење за време на сесијата.
Некатегоризирани колачиња поставени од МКХОСТ
- mkhostCart, mkhost-ebook-cookie, mkhost-locale. Се чуваат за време на сесијата.
Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте не на следната електронска адреса:
info@mkhost.com.mkПравила за македонски домени
1. Право за регистрација на .mk домен имаат сите физички и правни лица .
2. Право за регистрација на edu.mk домен имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл .
3. Право за регистрација на org.mk домен имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, како и непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност .
4. Право за регистрација на com.mk, net.mk и inf.mk домени имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност .
Правила за интернационални домени
1..com доменможе да регистрира физичко или правно лице. Доменот престанува со работа на денот на истек и истиот имазаштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, се доплаќа одредена цена за ресторирање на доменот .
2..eu доменможе да регистрира физичко или правно лице кое е припадник на земја членка во Европска Унија, или физичко лице со искажана националност на земја членка на Европска Унија, со официјален документ за потврда на истата (пасош, лична карта, итн.) .eu доменот имазаштитен период од 40 дена. Доколку истиот не се обнови пред истек, покрај цената за обнова се доплаќа и за ресторација. По истек на заштитниот период, доменот се брише и станува слободен за регистрација .
3..de доменможе да биде регистриран од секој поединец или компанија со услов и доменот да е хостиран во Германија. Административниот контакт и регистрантот треба да имаат контакт адреса лоцирана во Германија. По истек доменот веднаш престанува да работи .
4..rs и .co.rs доменможе да регистрира секој .rs и .co.rs домен имазаштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, доменот се брише и станува слободен за регистрација .
5..au доменможе да регистрира само фирма регистрирана во Австралија како и физички лица резиденти на Австралија. .au домен имазаштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, доменот станува слободен за регистрација .
6..ru доменможе да регистрира физичко или правно лице. По истек доменот престанува со функционирање со тоа што имазаштитен период за обнова од 30 дена. По истекот на заштитниот период, доменот се брише и станува слободен за регистрација .
7..uk доменможе да регистрира физичко или правно лице. .uk домен имазаштитен период од 90 денаи по истек на заштитниот период доменот се брише .
8..biz доменмора да се регистрира на правно лице со даночен број. Имазаштитен период од 40 дена. По истек на заштитниот период, за обнова се доплаќа одредена цена за ресторација .
9..mobi доменможе да регистрира секој. Овој домен имазаштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, за обнова се доплаќа одредена цена за ресторација .
10..top .design .solutions .online .info .net .xxx .pro .org .tv .cc .co .name доменможе да регистрира секој. По истек, доменот престанува со работа и имазаштитен период за обнова од 40 дена. По истек на заштитниот период, се доплаќа одредена цена за ресторација .
11..ws доменможе да регистрира секој. Доменот имазаштитен период од 36 дена. По истек на заштитниот период, се доплаќа одредена цена за ресторирање .
12..ca доменможе да регистрира само државјанин на Канада. По истек, доменот имазаштитен период од 40 дена.
13..es доменможе да се закупи од физички и правни лица. Услов е административен и технички контакт да биде само физичко лице. По истек, доменот имазаштитен период од 9 дена.
14..us доменможе да регистрираат само државјани или жители на САД. По истек, доменот имазаштитен период од 36 дена.
15..al доменможе да се регистрираат на правни и физички лица но со достава на број на пасош или број на лична карта според барањата на државниот Албански регистрар. Податоците од број на лична карта или пасош се чуваат приврменето до активација на доменот, а по активацијата се бришат .
Политика за испорака и активација на услуги
1. МКХОСТ нуди дигитални услуги (регистрација на домени и хостинг услуги) и не врши испорака на физички производи.
2. Сите услуги се испорачуваат по електронски пат.
3. Регистрација на домени:
Активацијата на домен се врши веднаш по успешна регистрација и извршена уплата. За одредени домен наставки може да биде потребна дополнителна документација. Во таков случај, доменот ќе биде активиран по доставување и одобрување на потребните документи.
4. Хостинг услуги:
Активацијата на хостинг услугите се врши веднаш по успешно извршена уплата. Во случај на нарачка на специфични серверски решенија (VPS, dedicated сервери, целосно инфраструктурни решенија по барање на клиент), активацијата може да трае до 10 работни дена или согласно договор со клиентот.
5. Сите услуги кои ги обезбедува давателот на услуги (МКхост), вклучително но не ограничено на хостинг пакети, дополнителни ресурси се сметаат за услуги со повторливо (рекурентно) фактурирање на месечно или годишно ниво, освен доколку изречно и недвосмислено не е наведено дека услугата е еднократна во самата профактура, понуда или договор.
6. Услугите од став (5) автоматски се обновуваат за следниот пресметковен период под истите услови, сè до моментот на нивно откажување од страна на корисникот.
7. Корисникот се смета дека ги прифатил условите за користење на услугите, вклучително и нивната рекурентна природа, со преземање на било кое од следниве дејствија:
- поднесување на нарачка преку веб-страница, е-пошта или друг комуникациски канал,
- прифаќање на понуда или профактура,
- извршување на уплата по доставена профактура или фактура,
- користење на услугата по нејзина активација.
8. Со извршување на било кое од дејствијата наведени во став (3), се смета дека помеѓу страните е воспоставен договорен однос согласно овие Општи услови.
9. Корисникот има право во било кое време да ја откаже услугата, при што откажувањето произведува дејство за наредниот пресметковен период, освен ако поинаку не е договорено.
10. Давателот на услуги не врши автоматско задолжување на платежни средства без изречна согласност од корисникот. Сите уплати се вршат врз основа на доставена профактура или фактура.
11. Непостапување по доставена профактура (неизвршена уплата) се смета за откажување на услугата за наредниот пресметковен период.
12. Давателот на услуги не сноси одговорност доколку корисникот не ја користи активираната услуга, доколку истата е уредно обезбедена согласно договорените услови.
13. Секое поинакво толкување на услугите како еднократни, доколку тоа не е експлицитно наведено, нема правно дејство.
14. Испорака:
По активација, корисникот добива пристап до услугата преку е-пошта или кориснички панел. МКХОСТ не сноси одговорност за доцнење предизвикано од нецелосни или неточни податоци доставени од страна на клиентот.
Политика за поврат на средства
1. Сите плаќања направени преку веб страницата на МКХОСТ се однесуваат на дигитални услуги (регистрација на домени и хостинг услуги) и не вклучуваат физички производи.
2. Начин на поврат:
- Доколку се одобри поврат на средства, истиот се врши исклучиво на истата платежна картичка или сметка од која е извршено плаќањето.
3. Рок за поврат:
- Повратот на средства се процесира во рок до 30 дена од денот на одобрување на барањето за поврат.
4. Регистрација и обнова на домени:
- Поврат на средства не е возможен за:
- Веќе регистриран домен;
- Обновен (renewed) домен;
- Домен кој е во процес на регистрација
5. Хостинг услуги:
- Поврат на средства за shared хостинг е возможен во рок до 30 дена од активација на услугата, доколку услугата не е значително користена;
- По истек на овој рок, не се врши поврат на средства.
6. Сервери и услуги со месечен закуп:
- За VPS, dedicated сервери и други услуги со месечна наплата не се врши поврат на средства по нивна активација.
7. Општи услови:
- Поврат на средства не се врши за веќе активирани и користени услуги, освен ако не е поинаку наведено;
- Барање за поврат се поднесува писмено преку е-пошта;
- МКХОСТ го задржува правото да одбие барање за поврат доколку се утврди злоупотреба.
8. Со користење на услугите, корисникот се согласува со оваа политика.