Дом за твојот веб сајт

Веројатно често се прашуваш како еден веб сајт може да функционира на интернет просторот. Дали знаеш дека компонентите на еден веб сајт се слични како и оние на еден обичен дом?

1

Секој веб сајт започнува со локација

Како што на еден дом му е потребна соодветна локација и адреса за да егзистира во просторот, така и секој веб сајт има потреба од виртуелна адреса, наречена домен.
Секако, веб сајтот тука има предност – името на адресата можеш да го избереш сам, доколку е достапно!
Како да ја одбереш идеалната Интернет Адреса, односно домен?
Твојот домен треба да е: краток, едноставен и лесен за паметење. Исто така може да избереш од различни домен наставки како .mk или .com.
2

На секој веб сајт му е потребен простор

Секој дом има соодветен простор на кој е сместен. Истата потреба ја има и веб сајтот. Тој простор се вика хостинг. Хостинг просторот може да биде shared (дел од еден пообемен сервер), или дедициран (твој сервер).
Можеш да претпоставиш дека и тука веб сајтот има предност во однос на домот – просторот не е ограничен и може постојано да се надоградува!
Колкав простор на интернет би бил доволен за тебе?
Различни веб сајтови имаат различни потреби. Некои имаат потреба од мал дом, други пак побаруваат голем дом (хостинг простор) кој соодветно би имал повеќе мебел и би примил повеќе гости (трансфер).
Одличен за мал и почетен веб сајт
2 GBПростор
100 GBсообраќај
Хостирање на повеќе сајтови
10 GBПростор
500 GBсообраќај
Погоден за големи сајтови
30 GBПростор
700 GBсообраќај
3

Секој веб има уникатен дизајн

Откако е дефинирана локацијата и просторот, следниот чекор е домот да се уреди по желбите на оној кој ќе живее во него.
Кога имаш веб сајт, секако дека најважниот дел е како истиот тој ќе изгледа! Никогаш не е полесно од денес да имаш совршено уреден веб сајт по сите светски стандарди!

Дали си подготвен за твојот прв веб сајт?

Испрати ни ја твојата идеја и заеднички ќе се потрудиме да ја реализираме