Во cPanel постои опција за креирање на филтри преку алаткатаGlobal Email Filters.
Оваа алатка ќе ти помогне да ги филтрираш пораките до сандачето до кое сакашпораките да пристигнат.
Овие филтри може да ги креираш на следниов начин:
Најави се на твојот cPanel акаунт и во делотEmailодбери ја опцијатаGlobal Email Fltersкако што е прикажано на сликата подолу.
Потоа кликни наCreate a New Filter
Bo следниот чекор потребно е да го креираш филтерот.
Пополни ги празните полиња:
Filter Name- името што сакаш да го користиш за овој специфичен филтер (пример: Spam, Inbox итн.)Rules- тука поставуваш правило или комбинација на правила.
Доколку сакаш од некој конкретен емаил да се филтрираат пораките тогаш поставувашFrom,ако сакаш со конкретен наслов тогаш поставиSubjectитн.
Доколку одбереш на примерcontainsилиdoes not containпотребно е да поставиш дел или збор кој што се содржи во сите пораки кои сакаш да ги филтрираш.Доколку поставишbegins withилиends withќе ги филтрираш пораките кои започнуваат или завршуваат со конкретниот дел или збор кој ќе го поставиш.Поставуваш правило или комбинација на правила со користење на и / или операторите ( + ).Actions- какво дејство треба филтерот да го преземе:
Discard Message- да ја отфрли порака,Redirect to Email- да редиректира кон мејлот,Fail With Message- доколку пораката е неуспешна,Stop Processing Rules- престанок на обработка на правилата,Deliver to Folder- да се доставува пораката до одреден фолдер,Pipe to a Program- да се пропушти до програмата.Потоа кликни наCreateи со тоа твојот филтер е креиран.Откако ќе креираш одреден филтер истиот може да го менуваш или избришеш кога нема да ти биде повеќе потребен.Овие филтри најчестосе најпогодни да ги креираш на својот хостинг со цел да се намали бројот на влезниспам пораки. Креирањето е лесно и во неколку чекори, а ќе ти помогнат полесно да се справиш со спампораките.
Доколку често примаш спам пораки од некој конкретен домен или можеби валидни пораки, но истите не сакаш да ги добиваш тогаш може да ја користиш алаткатаApache SpamAssassin.
Најави се на твојот cPanel акаунт и потоа во делотEmailкликни наSpam Filtersкако што е прикажано на сликата подолу.
Во новоотворениот прозорец кликни наShow Additional Configurations
Потоа кликни наEdit Spam Blacklist Settings
Кликни наAdd a New "blacklist from" Item.Во делотblacklist_fromпостави го доменот или емаил адресата од која што не сакаш да ти пристигнуваат емаилови.
На сликата подолу делот означен со број 1 значи дека не сакаш да примаш пораки од ниеден емаил акаунт на тој домен. Нашиот пример значи дека повеќе нема да пристигнуваат пораки од доменот proba.mk.Делот означен со број 2 значи дека не сакаш да примаш пораки од конкретна емаил адреса. Во нашиот пример пораките од емаилот petar@proba.mk повеќе нема да пристигнуваат.
Потоа кликни наUpdate Blacklist (blacklist_from)и со тоа имаш додадено емаил адреси или домени наblacklist.
Постапката е иста доколку сакаш да додадеш емаил адреса или домен наwhitelist (whitelist_from).