МКхост правни напомени

Ја цениме твојата приватност. Дознај повеќе за нашата политика за приватност и условите за користење

Политиката за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ДРУШТВОTO ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МКХОСТ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ .

Нашата визија за заштита на личните податоци

Ви благодариме што покажавте интерес за веб страницата на Друштвото за производство, трговија и услуги МКХОСТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: МКХОСТ ).
МКХОСТ како контролор на лични податоци посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба. Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност .
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да нарачате еден од пакетите кои ги нудиме или да не контактирате или да Ви испраќаме билтен на Вашата електронска адреса преку кој ќе Ве информираме за понудата на нашите услуги и производи и промотивните активности, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21).
Со оваа Политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
МКХОСТ, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница.
Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет.

Дефиниции

Назив и адреса на контролорот

Офицер за заштита на личните податоци

Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?

Правна основа и цели за обработка Вашите лични податоци

Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

Колачиња (Cookies)

Собирање на општи податоци и информации

Заштита на личните податоци при користење на Facebook

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

Заштита на личните податоци при користење на Linkedin

Заштита на личните податоци при користење на YouTube

Одредби за заштита на податоците за употреба на Twitter

Заштита на личните податоци при користење na Google Analytics

Дали вршиме пренос на лични податоци?

Во кој рок ги чуваме личните податоци?

Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?

Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон

Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?

Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

Услови за користење

Ако имате било какви прашања во врска со оваа изјава за приватност, за начинот на работа или Вашето искуство од оваа веб страница, можете да не контактирате на info@mkhost.com.mk.

Краток опис на условите

1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање
2. Услугите на МКХост не смеат да се искористуваат за нелегална трговија - продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, оружје и др.
3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони.
4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен.
5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на МКХост.
6.Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на МКХост, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица - администратори на МКХост или пак надлежни лица од Владини институции.
7. МКХост го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.
8. Клиентите на МКХост се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема МКхост.
9. Работното време на МКхост е од понеделник до петок од 08:00 до 20:00. Во овие термини, нашиот тим за поддршка е постојано достапен за комуникација преку нашиот централен телефонски број, како и останати канали (социјални мрежи, емаил и тикети). Во останатиот период, за секое прашање, сме достапни преку тикети кои ги одговараме во првиот достапен термин од страна на нашиот тим. Во случај за било каков приоритетен серверски проблем (пад на сервер или сервис) од страна на МКхост, нашата дежурна екипа ќе изреагира веднаш.

Детален опис на условите

1. МКхост го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на МКХост се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.
2. МКхост има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на МКХост или пак постоечките закони. МКхост исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате МКхост за одговорен.
3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на МКхост доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го известите МКхост.
4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на МКхост по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите администраторите на МКхост support@mkhost.com.mk доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка.
5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња, веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор со МКхост за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот.
6. МКхост се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите. МКхост не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.
7. Вие како клиент на МКхост услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на МКхост нема да вршите никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства.
8. Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на МКхост, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.
9. МКхост исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на МКхост за да дозволат пристап до нелегални содржини.
10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, МКхост или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на МКхост, останатите клиенти на МКхост и сите инволвирани страни.
11. Доколку услугите на МКхост се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.
12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на МКхост, клиентите или пак останати лица и организации.
13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до овластени и доверливи делови на останати корисници на МКхост или на МКхост.
14. Вие, со користење на услугите на МКхост, се согласувате да објавувате содржини кои нема да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи.
15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од МКхост нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Вие исто така се обврзувате дека IRC услугите ги користите според правилата дадени при првичната регистрација за користење.
16. МКхост го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.
17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на МКхост за лажни и измамнички активности.
18. МКхост со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка и техничка поддршка 24 часа во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на МКхост и МКХост не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.
19. Користењето на хостинг услугите на МКхост за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните МКхост сервери и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа.
20. Со користење на услугите на МКхост, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, МКхост не е одговорен во ниеден случај.
21. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на МКХост, доколку сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, МКхост без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови, веб страни и др.
22. За било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, МКхост не презема никаква одговорност.
23. При закупување на хостинг услуги од МКхост се согласувате на создавање и чување на податоците на надворешен сервер. МКхост ќе зачува три (3) backup-и од вашите хостинг податоци во период од една година. Сите хостинг податоци се пребришуваат 365 дена од денот на нивно создавање.
24. МКхост не гарантира дека вашата содржина ќе биде вратена во првобитна состојба при случај на неавторизиран пристап (правење на промени во целост или на дел од содржините), човечка грешка (ненамерно бришење на податоците од сајтот) или настаната хаварија (откажување на одреден софтвер или хардвер на серверите на МКхост што би предизвикало губење на податоците - дел или во целост).
25. По барање на клиентот, МКхост ќе овозможи услуга: враќање на податоци од надворешен сервер по цена од 1990 денари + 18%. МКхост не ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.
26. Во случај на терминирање на хостинг услугите поради неплатен долг, доколку клиентот сака да ги преземе неговите податоци без реактивација на услугата, должен е да плати 990 денари + 18% ДДВ до 10 дена од терминирањето. По истекот на тие 10 дена, цената за истата услуга ќе изнесува 1990 денари + 18% ДДВ. Со плаќање на оваа сума, клиентот ќе добие копија од неговите податоци на терминираниот хостинг. МКхост нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.
27. Во случај на подмирување на сите неплатени долгови во рок од 10 дена од страна на клиент со терминирани хостинг услуги, и доколку клиентот сака да продолжи со обновување на услугата, МКхост по потреба на клиентот ќе изврши враќање на податоци од локален сервер и за истата услуга еднократно ќе наплати 990 денари + 18% ДДВ. Доколку се изминати повеќе од 10 дена од терминирање на хостингот, цената за враќање на податоци од надворешен сервер ќе изнесува 1990 денари + 18% ДДВ. МКхост нема да ги рефундира средствата платени по претходно-споменатата услуга и не презема никаква одговорност доколку клиентот не е задоволен од состојбата на вратените податоци.
28. МКхост овозможува селективно враќање на одредени фајлови од локален backup и истата услуга се наплаќа еднократно и чини 990 денари + 18% ДДВ.
29. МКхост гарантира две бесплатни враќање на целосен backup од локален сервер годишно, а секој нареден пат оваа услуга МКхост еднократно ќе ја наплати 990 денари + 18% ДДВ.
30. Попусти за купување/обнова на одредена услуга не можат да се комбинираат. Доколку потенцијалниот клиент има во еден момент достапно повеќе можности за намалување (купон за попуст, постоечка промоција од страна на МКхост и слично), може да се избере само едната.
31. Доколку хостингот за било кој пакет е закупен на месечно ниво, миграцијата на хостингот (од друг хостинг провајдер во МКхост, или од еден пакет на МКхост во друг пакет закупен во МКхост) се наплаќа 990 денари + ДДВ еднократно. Дополнителна поддршка која не е поврзана со серверски проблем се наплаќа 990 денари + ДДВ.
32. Максималниот број на маил-ови испратени од домен во рамките на 1 час со закупена услуга во МКхост е 250 пораки. Сите пораки испратени над оваа бројка нема да бидат испратени и ќе бидат во ред на чекање. Исто така доколку 40% од пораките кои што ги испраќате се невалидни и истите се враќаат назад или се одбиени од емаил серверите каде се обидувате да ги испратите постои заштита на серверско ниво за секој акаунт и овој лимит се ресетира на секој час. Сите пораки испратени над овој лимит нема да бидат успешно испратени.
За било какви прашања и информации во врска со условите за користење или услугите на МКХост, контактирајте нѐ.

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА НА ДРУШТВОTO ЗА ПРОИЗВОДСТВО, ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МКХОСТ ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ СКОПЈЕ

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки што веб страницата која ја посетувате ги поставува на Вашиот компјутер или мобилен уред заради чување на информации за вашата посета. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите истата веб страница. Колачињата се „пасивни“ бидејќи содржат информации кои вашиот пребарувач може да ги поврати, но не содржат програми, вируси или малициозен софтвер. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
Постојат разни видови колачиња и тие обично се сортираат според времетраењето, доменот на кој припаѓаат и намената (целта):
Колачињата според времетраењето може да се поделат во две категории: „за време на сесијата“ и „трајни (упорни)“.
- Колачињата за „ време на сесијата“ се привремени и се бришат кога ќе го затворите пребарувачот или по одреден период на неактивност.
- „Трајните“ колачиња остануваат на вашиот компјутер до датумот на истекување/времето утврдено од креаторот на колачињата.
Колачињата според доменот на кој припаѓаат, се поделени на:
- Колачиња кои се поставени од сопственикот на доменот што се посетува и
- Колачиња кои се поставени од трети страни, од друг домен различен од оној што го посетил корисникот.
Повеќе информации за видот на колачињата што ги поставува Друштвоto за производство, трговија и услуги МКХОСТ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: МКХОСТ) според намената (целта) може да прочитате во делот „Колачиња што ги поставуваме“.

Што прават колачињата?

Колачињата можат да содржат многу видови информации за вашата посета на одредена веб страница, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за вас, но можат да соберат информации за вашите навики на пребарување. Во најголем дел, колачињата го подобруваат вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Дали можете да ги избришете колачињата?

Да, можете да ги прегледате колачињата зачувани на Вашиот компјутер и да ги избришете некои или сите. Сепак, секој пребарувач има различна постапка за таа цел.Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страница. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Дали можете да го поставите пребарувачот да ги блокира колачињата?

Да, повеќето пребарувачи Ви дозволуваат да наведете кои видови колачиња ги прифаќате или ќе ги одбиете сите колачиња. Бидејќи секој пребарувач е различен, еве неколку од најчестите: Google Chrome, Microsoft Edge , Mozilla Firefox , Microsoft Internet Explorer, Opera , Apple Safari. При посета на некои страници може да видите порака за предупредување која Ви препорачува да ги прифатите колачињата заради оптимално искуство со пребарувањето.

Колачиња што ги поставуваме

- Неопходните колачиња овозможуваат веб страницата да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страницата не може да функционира правилно.
- Преференцијални колачиња овозможуваат веб страница да запомни информации што го менуваат начинот на однесување или изгледот на веб страницата, како на пример префериран јазик или регионот во кој се наоѓате.
- Статистичките колачиња им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страницата со собирање и анонимно пријавување на податоците.
- Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и го интересираат корисникот, а што е воедно важно за огласувачите како трети страни.
Дел од колачињата што ќе ги сретнете при пребарување на веб страницата на МКХОСТ се сметаат за колачиња на „трети страни“. Ова значи дека веб страницата на МКХОСТ користи функции обезбедени од надворешни провајдери, како што е Facebook и Google коj ги поставува колачињата. Колачињата од трети страни сами по себе не се поразлични од колачињата поставени од МКХОСТ. Единственото нешто што треба да се има предвид е дека надворешниот провајдер, а не МКХОСТ, одредува кој тип на податоци се зачувуваат и како се користат.

Колачиња кои се користат од страна на МКХОСТ

Неопходни колачиња поставени од трети страни
- AWSALBCORS поставени од zopim.com, регистрира кој сервер-кластер го опслужува посетителот. Се користи во контекст на балансирање на оптоварувањето, со цел да се оптимизира корисничкото искуство. Времетраење 6 дена.
- test_cookie поставени од doubleclick.net, се користи за да се провери дали пребарувачот на корисникот поддржува колачиња. Времетраење 1 ден.

Статистички колачиња поставени од трети страни

- _ga поставено од mkhost.com, Регистрира кој сервер-кластер го опслужува посетителот. Се користи во контекст на балансирање на оптоварувањето, со цел да се оптимизира корисничкото искуство. Времетраење 2 години.
- _ga_# поставено од mkhost.com, го користи Google Analytics за собирање податоци за бројот на посети на веб страницата од страна на корисникот, како и датумите на првата и последната посета. Времетраење 2 години.
- _gat поставено од mkhost.com, го користи Google Analytics за следење на стапката на барања. Времетраење 1 ден.
- _gid поставено од mkhost.com, регистрира единствен идентификатор кој се користи за генерирање статистички податоци за тоа како посетителот ја користи веб страницата. Времетраење 1 ден.

Маркетинг колачиња поставени од МКХОСТ

-. __zlcmid поставено од mkhost.com, Ја зачувува состојбата на корисничката сесија при испраќање на барање за страницата. Времетраење 1 година.
- _fbp поставено од mkhost.com, facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. Времетраење 3 месеци.
- _gcl_au поставено од mkhost.com, се користи од Google Ad Sense за експериментирање со ефикасноста на рекламирањето преку веб страниците користејќи ги нивните услуги. Времетраење 3 месеци.

Маркетинг колачиња поставени од трети страни

- ads/ga-audiences поставено од google.com Користено од Google Ad Words за повторно привлекување на посетителите кои веројатно ќе станат клиенти судејќи по онлајн однесувањето на посетителот на веб страниците. Времетраење за време на сесијата.
- fr поставено од facebook.com, Facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. Времетрање 3 месеци.
- IDE поставено од doubleclick.net, Користено од Google DoubleClick за регистрација и пријавување на активностите на корисникот на веб страницата по прегледување или doubleclick.net, користено од Google DoubleClick за регистрација и пријавување на активностите на корисникот на веб страницата по прегледување или кликнување на една од рекламите на огласувачот со цел да се измери ефикасноста на рекламата и прикажување на таргетирани реклами на корисникот. Времетраење 1 година.
- pagead/1p-user-list/# поставено од google.com, Следи дали корисникот покажал интерес за специфични производи или настани на повеќе веб страници и открива како корисникот се движи помеѓу страниците. Се користи за мерење на рекламирањето и го олеснува плаќањето на надоместок за упатување помеѓу веб страниците. Времетраење за време на сесијата.
- tr поставено од facebook.com, facebook го користи за испорака на серија рекламни производи, како што е лицитирање на дигитални огласи во стварно време од трети огласувачи. Времетраење за време на сесијата.

Некатегоризирани колачиња поставени од МКХОСТ

- mkhostCart, mkhost-ebook-cookie, mkhost-locale. Се чуваат за време на сесијата.
Ако имате какви било прашања или проблеми, ве молиме контактирајте не на следната електронска адреса: info@mkhost.com.mk

Правила за македонски домени

1. Право за регистрација на .mk домен имаат сите физички и правни лица.
2. Право за регистрација на edu.mk домен имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.
3. Право за регистрација на org.mk домен имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, како и непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
4. Право за регистрација на com.mk, net.mk и inf.mk домени имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

Правила за интернационални домени

1. .com домен може да регистрира физичко или правно лице. Доменот престанува со работа на денот на истек и истиот има заштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, се доплаќа одредена цена за ресторирање на доменот.
2. .eu домен може да регистрира физичко или правно лице кое е припадник на земја членка во Европска Унија, или физичко лице со искажана националност на земја членка на Европска Унија, со официјален документ за потврда на истата (пасош, лична карта, итн.) .eu доменот има заштитен период од 40 дена . Доколку истиот не се обнови пред истек, покрај цената за обнова се доплаќа и за ресторација. По истек на заштитниот период, доменот се брише и станува слободен за регистрација.
3. .de домен може да биде регистриран од секој поединец или компанија со услов и доменот да е хостиран во Германија. Административниот контакт и регистрантот треба да имаат контакт адреса лоцирана во Германија. По истек доменот веднаш престанува да работи.
4. .rs и .co.rs домен може да регистрира секој .rs и .co.rs домен има заштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, доменот се брише и станува слободен за регистрација.
5. .au домен може да регистрира само фирма регистрирана во Австралија како и физички лица резиденти на Австралија. .au домен има заштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, доменот станува слободен за регистрација.
6. .ru домен може да регистрира физичко или правно лице. По истек доменот престанува со функционирање со тоа што има заштитен период за обнова од 30 дена. По истекот на заштитниот период, доменот се брише и станува слободен за регистрација.
7. .uk домен може да регистрира физичко или правно лице. .uk домен има заштитен период од 90 дена и по истек на заштитниот период доменот се брише.
8. .biz домен мора да се регистрира на правно лице со даночен број. Има заштитен период од 40 дена. По истек на заштитниот период, за обнова се доплаќа одредена цена за ресторација.
9. .mobi домен може да регистрира секој. Овој домен има заштитен период од 30 дена. По истек на заштитниот период, за обнова се доплаќа одредена цена за ресторација.
10. .top .design .solutions .online .info .net .xxx .pro .org .tv .cc .co .name домен може да регистрира секој. По истек, доменот престанува со работа и има заштитен период за обнова од 40 дена. По истек на заштитниот период, се доплаќа одредена цена за ресторација.
11. .ws домен може да регистрира секој. Доменот има заштитен период од 36 дена. По истек на заштитниот период, се доплаќа одредена цена за ресторирање.
12. .ca домен може да регистрира само државјанин на Канада. По истек, доменот има заштитен период од 40 дена.
13. .es домен може да се закупи од физички и правни лица. Услов е административен и технички контакт да биде само физичко лице. По истек, доменот има заштитен период од 9 дена.
14. .us домен може да регистрираат само државјани или жители на САД. По истек, доменот има заштитен период од 36 дена.