МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
0Портал

Како сам да додадеш кредити на твојот кориснички профил

Како корисник на услугите на МКхост, на твојот кориснички профил може да додадеш кредити кои подоцна би ги користел за обновување на услуги или закуп на нови.

Со оваа услуга можеш лесно сам да ги плаќаш профактурите или да ни пишеш емаил на нас, да ја забележиме профактурата како платена и да ги обновиме или регистрираме услугите.

Постапката за додавање на кредити на твојот кориснички профил е следна:

Најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.comи во менито избериМоја сметка. Во новоотвороениот прозорец, во делотКупи кредитвнеси ја сумата која сакаш да ја додадеш на твојот кориснички профил и кликни наКупи.

додавање кредити на акаунт

Ќе се појави pop-up прозорец каде што пишуваДали си сигурен дека сакаш да нарачаш кредит? Повторно кликни наКупи.

Автоматски ќе биде генерирана профактура која може да ја платиш онлајн со картичка или на жиро сметка. Постапката за плаќање на профактура може да ја видиш на следниовлинк

Веднаш по извршена уплата кредитите автоматски ќе бидат додадени на твојот кориснички профил.