МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
19Општо

Како да го надоградиш хостинг пакетот?

  • Контактирај не телефонски на 02 2779 444 или пак пиши ни наinfo@mkhost.com, каде ќе наведеш кој хостинг пакет сакаш да го надоградиш и ние веднаш ќе ја направиме нарачката. По уплата на профактурата, хостинг пакетот ќе биде надограден и ќе имаш повеќе хостинг простор отколку претходно.
  • Вториот начин е сам да направиш нарачка за надoградба на пакет следејќи ги следниве чекори:

Најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.com,избериХостинги ќе се отворат сите хостинг пакети кои ги имаш закупено.

Веднаш до хостингот кој сакаш да го надоградиш кликни на копчето како што е прикажано на сликата и избериНадогради хостинг пакет

надоградба на хостинг пакет

Во новоотворениот прозорец ќе ја видиш цената која треба да ја доплатиш за надоградба (ја доплаќаш разликата во цена само за деновите кои преостануваат од хостингот што ќе ги користиш со новиот хостинг пакет). Кликни наИзбери хостинги автоматски ќе се генерира профактура за оваа услуга.

надоградба на хостинг

По уплата на профактурата, твојот хостинг пакет ќе биде веднаш надограден.