Повеќето клиенти имаат потреба од брза активација на услугите за кои направиле нарачка. Ова најчесто е поради потребата од онлајн рекламирање, воспоставување контакт со партнери и снабдувачи, емаил комуникација со брендирано домен име илипак префрлање на хостингот од друго место на серверите на МКхост од било која причина.
Едно од најчестите прашања по направена нарачка е:„Колку време е потребно за активација?“Одговорот можеш да го најдеш подолу.
Секој што сака да регистрира .mk домен – правно или физичко лице – треба да достави барање, кое може да се поднесе електронски (дигитално потпишано), лично или преку карго служба (достапна само за правни лица). Ова е во согласност со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, како и со подзаконските акти кои произлегуваат од истиот.
Регистрацијата на .mk домен може да ја извршиправно лице(фирма, институција или организација) илифизичко лице. Потребно е да се следат следните чекори:
Доколку направите нарачка за регистрација на домен и уплатата ја извршите со картичка,веднаш ќе добиете потврда за извршената уплата.Доколку плаќањето е преку банка, уплатата ќе ја забележиме откако ќе бидеевидентира на нашиот извод,ќе добиете потврда за извршената уплата.
Меѓутоа, доменот ќе биде регистриран дури откако ќе го доставите пополнето и потпишано барање за регистрација на домен. По успешна проверка на комплетно доставеното барање за регистрација од страна на администратор во МКхост,ќе добиете потврда на емаил за извршената регистрација на доменот.
Општи услови
4.Извршување на уплата
Доколку регистрантот е правно лице, задолжително е да се достави:
Совет: За брза регистрација, најпрепорачливо е да се користи дигитален потпис.
Доколку регистрантот е физичко лице, потребно е:
Совет: За брза регистрација, најпрепорачливо е да се користи дигитален потпис.
Интернационалните домени се регистрираатведнаш по извршена уплата.Ако нарачката ја платиш со картичка – доменот се регистрира веднаш.Ако плаќаш во банка – регистрацијата се извршува веднаш штом уплатата ќе се евидентира на нашиот извод.
Хостинг пакетите се активираат веднаш по уплата.
По активацијата, на емаил ќе ги добиете сите податоци за најава на хостингот.
Кога нарачката содржи и хостинг пакет и домен, активацијата следи ист принцип како во точките 1 и 2.