Како може да платиш за услугите на МКхост?
Постојат повеќе начини за да извршиш уплата на профактура за било која закупена услуга во МКхост.
МКХОСТ ДООЕЛ Жиро Сметка: 210-0613667201-77 НЛБ Тутунска Банка АД Скопје МКХОСТ ДООЕЛ Жиро Сметка: 270-0613667201-84 ХАЛКБАНК АД СкопјеУплата на нашите жиро сметки може да направат компании / организации / физички лица врз основ на профактура која ќе им биде издадена од наша страна по направената нарачка. По уплатата, МКхост испраќа оригинална фактура на емаил и по пошта.При уплата на нашата жиро сметка потребно е да го наведеш бројот на профактурата во делот за повикување на број или цел на дознака.
Доколку живееш надвор од Македонија имаме два начини за да извршиш уплата:
MKHOST DOOEL KUMANOVONLB TUTUNSKA BANKA AD SKOPJE12 Makedonska Brigada 201000 SkopjeMACEDONIASWIFT: TUTNMK22IBAN : MK07210701000391012Account No: 0070100039107
При секој трансфер потребно е да додадеш плус 500 денари претворени во долари или евра и да ја чекираш опцијата дека сите трошоци за трансферот ќе бидат платени од твоја страна.
Плаќање со кредитна картичка
Ако имаш неплатена профактура и истата сакаш да ја платиш со кредитна картичка, тогаш процедурата е следна:
Најави се на твојот кориснички профил наportal.mkhost.com, кликни наПлаќањаи ќе се прикажат сите твои неплатени, платени и откажани профактури. Веднаш до профактурата за која сакаш да направиш уплата кликни на копчетоПлати веднаш.
Во новоотворениот прозорец ќе се прикаже твојата профактура. ИзбериКредитна картичкаи кликни наПлати веднаш
Автоматски ќе бидеш редиректиран до системот на банката за електронско плаќање каде што треба да ги внесеш податоците од твојата картичка
Плаќање со PayPal
Доколку профактурите на твојата корисничка сметка се генерирани во странска валута, може да направиш плаќање со PayPal на следниов начин:
Во делотПлаќањаизбери ја профактурата за која сакаш да направиш плаќање.
Тука имаш целосен преглед на профактурата. Кликни наПлати веднаш.

Ќе бидеш редиректиран до системот за онлајн плаќање на 2CheckOut. Следи ги чекорите прикажани на сликите подолу за да извршиш плаќање.

Внеси ги податоците од твојата картичка и кликни на Submit Payment. Со ова, профактурата ќе биде успешно платена и услугите активирани/обновени.