МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
15Веб Хостинг

Како да го поврзеш веб сајтот со хостингот по активацијата?

испрати

Ќе добиеш податоци за најава преку FTP протоколот и истите податоци ќе ги користиш за најава воcPanel, хостинг контрол панелот преку кој ќе може да креираш емаилови, бази на податоци, да правиш редирекции, да едитираш фајлови и да вршиш прикачување на нови фајлови и да креираш фолдери.

Прво потребно е да направиш промена на именските опслужувачи. Управување со именски опслужувачи подразбира промена на авторитетните DNS сервери за саканиот домен.  Именските опслужувачи овозможуваат поврзување на хостинг со домен и прават една единствена целина. Постапката за промена на именските опслужувачи е следна:

Најави се на твојот кориснички профил на portal.mkhost.com  и кликни наДомени. Откако ќе ти се прикажат сите домени кои ги имаш на профилот, од левата страна на доменот за кој сакаш да направиш промена кликни на трите точки и избериПромени именски опслужувачи.

Во новоотворениот прозорец, постави ги именските опслужувачи:

Опслужувач 1:ns.mkhost.mk

Опслужувач 2:ns.mkhost.org

и кликни наЗачувај промени.

Прикачување на фајлови од твојот веб сајт може да го извршиш на два начина:

  • Користење на FTP протоколотЗа да ги прикачиш фајловите преку FTP ќе треба да имаш инсталирано одреден FTP клиентски софтвер на твојот компјутер. Ние го препорачувамеFileZilla. Кога ќе го инсталираш програмот на твојот компјутер, ќе треба да се поврзеш со хостингот. Во делот каде што пишуваHostnameќе го внесеш името на твојот домен (само ако истиот е регистриран и активен на интернет како и на серверите на МКхост), или IP адресата од серверот што МКхост веќе ја има испратено на емаилот за активација. Во делот заusernameќе го внесеш корисничкото име и лозинката. Кајportвнеси 21 и кликни наConnect. Доколку правилно се внесени податоците ќе те конектира на FTP серверот до твојот штотуку активиран хостинг. Од лева страна се наоѓаат фајловите и податоците од твојот компјутер, додека пак во десното прозорче се наоѓаат фајловите и податоците кои моментално се на хостингот. Кликни двојно наpublic_htmlдиректориумот на хостот за да влезеш во него. Таму постави ги сите фајлови од твојот компјутер. Едноставно може да ги селектираш од левото прозорче и со влечење да ги префрлиш во десното прозорче. Со тоа ќе почне процесот на прикачување на фајловите и на крај ќе треба да провериш дали сите фајлови и директориуми успешно се имаат трансферирано. Ако да, тогаш ќе може да го отвориш твојот домен и да провериш дали фајловите се префрлени.
  • Користење на cPanel хостинг контрол панелотНајави се преку моменталниот линк заcPanelили доколку твојот веб сајт е активен:http://imenatvojotdomen.com/cpanelКога ќе се најавиш кликни на иконатаFile Manager. Ќе се отвори ново прозорче каде што ќе може да ги прегледаш моменталните фајлови на твојот хостинг, како и да извршиш прикачување, бришење, креирање на нови фајлови. За да извршиш прикачување на фајловите избери ја опцијатаUploadи селектирај ги фајловите кои сакаш да ги прикачиш.File Managerнуди и опција за одзипување на фајлови, па така може да прикачиш само еден зипуван фајл и истиот да го одзипуваш на хостингот со што ќе си заштедиш време и ресурси.