МКхост голема база на статии

Ти треба помош? Пребарај низ нашата база на знаење за различни прашања поврзани со хостинг, домени, емаил и слично .

Хостинг платформи, информации за хостинг пакетите, прашањаРегистрација на домени, трансфер, ДНС сервериКреирање, подесување на емаил адресиОпшти информацииОбјаснување на функционалности кои cPanel ги нудиКориснички панел
12Општо

Како да нарачаш хостинг пакет или домен?

1.Инстукции за нарачка на домен:

Провери дали доменот е слободен

  • Можеш да ја провериш достапноста на доменот на следниот линк:тука

registrirajnovdomen

Додади домен во кошничка

  • Ако доменот е слободен, кликниДодади во кошничка“.
  • Ако не е слободен, пробај со друг домен.

dodadivokosnicka

Отвори кошничка и продолжи кон наплата

  • Избери на колку години сакаш да го регистрираш доменот.
  • КликниПродолжи кон наплата“.

prodolzikonnaplata

Најави се или креирај нов профил

  • Најави се со својот постоечки профил ако веќе имаш услуги во МКхост.

najavise

  • Во случај да ја имате заборавено лозинката, кликнете на „Заборавена лозинка“.

zaboravenalozinka

  • Внесете ја емаил адресата со која е креиран профилот и потоа кликнете на„Ресетирај лозинка“. На вашата емаил адреса ќе добиете инструкции за поставување нова лозинка.

resetirajlozinka

  • Доколку немате креирано профил, кликнете наКреирај нов профилкакофизичко лицеилиправно лице.

kreirajnovprofil

Прегледај ја нарачката

  • Потврди дека сe е во ред и кликниПродолжи кон наплата“.

prodolzikonnaplata

Внеси податоци за доменот

  • Во полето„Податоци за регистрација на домен“, во делот„Избери шаблон (темплејт).

vnesinovsablon

  • Кликнете наDrop-downменито за да ја отворите листата со сите достапни коминтенти или физички лица.
  • Одберете го контактот што сакате да биде регистрант на доменот.
  • Доколку сакате да додадетенов регистрант:
  • Кликнете на копчето„Внеси нов шаблон“.
  • Oткако ќе го одберете регистрантот на доменот, кликнетеПродолжи.

vnesinovsablon

  • Внесете ги сите потребни информации за регистрантот (физичко или правно лице).

registrantpodatoci

  • Внесете ги сите потребни информации за административен и технички контакт (ВАЖНО:Само физички лица можат да бидат административни или технички контакти).
  • Потоа кликнете„Зачувај и продолжи“.

kontaktpodatoci

  • Во иднина можеш да го користиш истиот контакт за други домени без повторно внесување.

Заврши со нарачката

  • Откако ќе го одберете регистрантот на доменот, кликнете на „Продолжи“
  • Потоа следиПотпишување на барањето за регистрација на домен
  • Според новиот правилник на МАРнет, барањето за регистрација мора да се потпише. Можете да изберете еден од следните методи:

Дигитално потпишување: со КИБС, Телеком или Евротраст.

Лично доставување: Достапно е за физички и правни лица.

Испраќање преку курирска служба (Карго): Само за правни лица, физички лица не можат да ја користат оваа опција.

  • По изборот на методот за потпис, превземете го барањето и кликнетеПродолжи.

potpisibaranje

  • Потоа изберетеКредитна картичкаи кликнете наПотврди нарачка и плати.

potvrdinarackaiplati

pplati

  • Ќе бидете автоматски пренасочени кон системот за електронско плаќање на банката, каде треба да ги внесете податоците од вашата картичка.

halk

Деталната постапка за регистрација на домен на постоечкиот акаунт или на друго лице можете да ја погледнете на следниот линктука

2.Инструкции за нарачка на хостинг без домен

Понудата на хостинг пакети може да ја разгледаш на овојлинкhttps://mkhost.com/mk/hosting/web-hosting/.Во зависност од твоите потреби, избери го пакетот кој најмногу ти одговара.

Најави се или креирај нов профил

  • Најави се со својот постоечки профил ако веќе имаш услуги во МКхост.
  • Во случај да ја имате заборавено лозинката, кликнете на „Заборавена лозинка“.
  • Внесете ја емаил адресата со која е креиран профилот и потоа кликнете на „Ресетирај лозинка“. На вашата емаил адреса ќе добиете инструкции за поставување нова лозинка
  • Доколку немате креирано профил, кликнете наКреирај нов профилкакофизичко лицеилиправно лице.

Додади хостинг во кошничка

  1. Откако ќе се најавиш на корисничкиот профилтука
  2. Од мени-то избери „Хостинг“
  3. Кликни  „Нарачај хостинг“

naracajhosting

4.Во новоотворениот прозорец изберете дали регистрирате нов домен или веќе имате домен. Доколку веќе имате свој домен внесете го доменот, доколку сакате може да го транфсерирате доменот или само да го назначите доменот без трансфер на истиот кај нас.

webhosting

naznacidomen

5.Кликнете на„Продолжи кон наплата“.

6.Пополнете ги податоците за регистрација(Целиот процес опишан погоре)изберете начин на плаќање и кликнете на „Потврди нарачка и плати“.

7.Доколку изберете плаќање со кредитна картичка, ќе бидете редиректирани до банкарскиот систем за онлајн плаќање.

8.По успешна уплата, хостингот  автоматски ќе биде активен.